Стартува гасификaцијата на скопскиот регион

Стартува гасификaцијата на скопскиот регион-проект вреден 100 милиони евра.Премиерот Никола Груевски денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека стартува проектот за гасификација на скопскиот регион со кој ќе бидат опфатени 17 општини, а се работи за инвестиција вредна 100 милиони евра која ќе се реализира за пет години по принципот на јавно-приватно партнерство, а  дел од дистрибутивната мрежа ќе биде пуштен во работа во 2016 година.
 – Од денеска почнува конкретната операционализација на проектот за гасификација во Република Македонија. Во изминатите неколку години интензивно и посветено работевме на завршување на сите мерки, активности и процедури за да дојде до оваа точка. Тоа не бешне нималку лесна и едноставна работа иако некои структури се обидуваат да ја прикажат така, изјави премиерот и додаде дека се работи за проект кој ќе биде изведен по сите стандарди, за кој биле потребни многу подготовки, изработка на мега проекти, средување на имотно-правни и земјишни односи, правање многу анализи и, секако, најбитното, обезбедување темел договор за снабдување со гас на цела Македонија.
Груевски истакна дека јавниот повик за изнаоѓање приватен партнер  ќе биде објавен во следните неколку дена, а ќе трае до 25 мај годинава. Договорот ќе се однесува на период од 20 години по што, системот за природен гас ќе се пренесе во сопственост на државата.
Со гасификацијата ќе бидат опфатени општините во Скопје и Сопиште, Зелениково, Студеничани, Петровец, Илинден, Чучер Сандево и Арачиново.
Ако објект што се грее на парно биде приклучен на природен гас годишно ќе заштеди 24 отсто, ако е за домување, или 30 проценти ако е комерцијален. Премиерот Никола Груевски денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека стартува проектот за гасификација на скопскиот регион со кој ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: