Сте помислиле ли дека можеби ги малтретирате своите Facebook пријатели?

Loading...

Facebook се повеќе станува место на кое не се чувствуваме пријатно и опуштено, а многу често за ова се виновни нашите пријатели кои претеруваат во нештата. Дали и вие сте еден од нив? Прочитајте со што ги малтретирате вашите пријатели на Фејсбук
Досадување со статуси
Има денови кога навистина ви е досадно или кога ви се случуваат многу работи, па бомбардирате сè околу себе со постови. Објавувате статус на секои 15 минути – зошто мислите дека некој сака да ги чита? Никој не е толку интересен.
Боцкање
Кога велиме боцкање мислиме на копчето Poke. Да, ова копче постои, но не за со него да ги вознемирувате другите. Ова не е вистинскиот начин да привлечете нечие внимание.
WC фотографии
Фотографирањето во WC стана глуп хит, особено помеѓу жените, а најчесто помеѓу оние кои се фотографираат со напрчени усни . Не само што амбиентот е погрешен, туку целата замисла е бесмислена, посебно доколку се фотографирате самите, полуголи. Сепак размислете како луѓето ќе ве гледаат после овие фотографии.
Лајкови на се и сешто
Колку пати сте лајкнале статус кој не е за лајкнување, или вести од типот “ умрел, бил прегазен, избоден..“ ? Сметате дека ова е во ред?  Подобро напишете коментар и кажете што навистина чувствувате.
Промотери на клубови и настани
Ако постојано праќате покани за настани , размислете дека можеби ги малтретирате вашите пријатели со ова, па многу од нив ќе посакат да ве блокираат.
Покани за игри
Не сите од вашите пријатели ги играат игрите на Фејсбук. Затоа немојте да бидете упорни и праќајте само на оние кои веќе ги играат.
 Facebook се повеќе станува место на кое не се чувствуваме пријатно и опуштено, а многу често за ова се виновни нашите пријатели кои претеруваат во

loading...