Стеауа „ВО СТРАШНО ДОБРА ФОРМА“: Го „ДЕМОЛИРАШЕ“ Петролул Плоешти со 3-0 во Супер Купот на Романија

Екипата на Стеауа од Букурешт се чини дека е и повеќе од подготвена за двомечот со македонскиот фудбалски шампион Вардар, па така оваа силна екипа му одржа фудбалска лекција на трето-пласираниот тим од Романската фудбалска лига за минатата сезона Петролул Плоешти и забележа победа од 3-0 во Супер Купот на Романија.
За 1-0 стрелаше Николиѓ во 21-вата минута од мечот, Шукала во 32-рата минута зголеми на 2-0 а конечните 3-0 беа поставени при крајот на првиот дел, поточно Пинтили во 41-вата минута го постигна конечниот исход од овој меч.
Нашиот интернационалец Георгиевски од тимот на Стеауа одигра се до 66-тата минута кога беше заменет со Препелица.
Натпреварот на Националната Арена во Букурешт го следеа близу 30 000 гледачи.
Петролул Плоешти со 62 бода се најде на третото место во Романската Прва фудбалска лига на само бод заостанување зад Пандури кој заврши на второто место, Стеауа со 79 бодови беше сигурен шампион во Романија.
Само за илустрација на силината на обата тима. Стеауа според „трансфер маркет“ котира многу добро, таа има состав во вредност од 40 милиони евра, Петролул 20 милиони евра, додека пак нашиот шампион има состав во вредност од 5 милиони евра.Екипата на Стеауа од Букурешт се чини дека е и повеќе од подготвена за двомечот со македонскиот фудбалски шампион Вард

Пронајдете не на следниве мрежи: