Стефани „се отвори“ по излегувањето од ГБ: „Останав без пари, а добив популарност која не ја сакав…“

„Никако не сум, лошо ми е. Ме гњават од сите страни, не можам да се одморам…Спиев премалку не функциониррам воопшто“, беше првата реченица на Стефани Баниќ, поранешната станарка во Големиот Брат , која сама одлучи да го напушти реалното шоу.Исто така искрена и без влакна на јазикот, директна и јасна, таа за 24сата открива:
– Ниту во еден момент не се покајав што излегов. Напротив, ова е најдобрата одлука која можев да ја донесам. Таму долу е психијатрија, јас не сакам да бидам дел од тоа. Сите глумат дека се нешто што не се и мислат дека ќе го сокријат тоа што се, а одамна веќе излегоа сликите за нив… Сите се покажаа какви се и што се – огорчена е Стефани на скоро сите станари на Големиот Брат.
На Ервин не му е лута иако можеби многумина очекуваа дека ќе биде поради начинот на кој ј апрекина нивната врска.
– Знам јас дека тој не глумеше дека му се допаѓам и сигурна сум дека беше така. Но ете, сите тврдат дека Ивона му ја наполнила главата за тоа како Барбара е одлична за него, а не јас. Тој ги слуша другите луѓе и се води од другите мислења. Во последно време кон мене се однесуваше добро, се обидуваше некако да ми се оправда и да ме предомисли да не одам дома. Тоа е океј, но јас не го гледам него повеќе со истите очи и тоа што се случи се случи. Сепак, ништо не му замерувам. И тоа негативното што му го кажав беа само совети како би требало да се однесува за да не нае*е кога ќе излезе надвор – вели Стефани и отворено зборува за чувствата кои ги имала за Ервин:
– На почетокот ми се допаѓаше, но тоа беше поради тоа што сме излирани, се продаваат приказни и не можеш да дознаеш ништо друго за некој, освен тоа што тој самиот ќе ти раскаже за себе. Потоа по неговите дела, му ја сфати шемата. Тој мене ми е мил како личност но повеќе не можам да го гледам со истите очи. Така е кај мене. Кога некој ќе ми каже дека повеќе нема никакви емоции за мене, што има јас тука да барам повеќе…Дефинитивно се оладив, но тој е виновен за тоа. Јас милион пати му дадов прилика да ми признае дека му се допаѓа Барбара, а тој само се повеќе се валкаше во го*на со своите глупави приказни. Покрај тоа, тој со Барбара не може да има ништо, бидејќи таа пука на високо и на некои други работи, а Ервин не е тој стил – вели Стефани, и додава дека не се кае поради сексот пред милионскиот аудиториум….

– Не зошто да се каам? Тоа е нешто што го правев во моментот, бидејќи така ми дојде и после за тоа воопшто не размислував – искрено одговара Стефани.
Вели дека никогаш повеќе не би се вратила во куќата на Големиот брат, но открива и со што беше изненадена.
– Никогаш не би се вратила во куќата. Постои оној 1 посто поради кој можеби би се вратила, но само поради тоа што не можам да верувам колку луѓе има кои имаат добро мислење за мене и колкава поддршка имам, а не ја очекував. Мислев дека ќе ме маваат со јајца, јаболки и такви работи ,а излезе сосема поинаку. Јас уште претходно реков дека не влегов за да бидам популарна, туку за победа и за жал мораше нешто и да се жртвува, но навистина не можев повеќе да издржам и тоа е тоа. Не можам да бидам затворна со такви луѓе. Тоа не се луѓе. Не знам што е тоа. Добив се спротивно од тоа што го сакав. Наместо победа, станав популарна. Еве сега ги плаќам своите гревови бидејќи морам да давам некои интервјуа, а не ми е до ништо…. Останав без хонорар. Се тоа што требаше да го добијам и што беше договорено со продукцијата останувам без тоа…Но добро, тоа е цената која ја плаќам поради својата одлука поради која воопшто не се каам – признава Стефани.
А на прашањето со кој од станарите би можела да се дружи по завршувањето на шоуто, таа без дилема одговара:
– Најлоши во секој поглед се Раде и Рада, а со нив оди и Барбара…Тие ми се најлоши, поради тоа што се превртливи и ја играат најрасипаната игра. Проблемот е во тоа што тие се глупи па мислат дека народот не гледа, а се се гледа.
Со Горан, Ервин и Зорица и Бранџа сигурно ќе можам да останам во супер однос, а со Ервин би можела да бидам само пријател и ништо повеќе – истакна Стефани!Исто така искрена и без влакна на јазикот, директна и јасна, таа за 24сата открива:
– Ниту во еден момент не се покајав што излегов. Напрот

Пронајдете не на следниве мрежи: