Стефаноски до Нонковиќ: „Време е да дадеш нешто повеќе за Македонија, отколку „чаталење“ од кревет со телефонот во рака“

Неодамнешните обвинувања кон Никола Груевски, од страна на доскорешниот новинар за МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ, наидоа на остра критика од страна на аналитичарот Милан Стефановски.На својот Фејсбук профил Стефаноски  упати долга и остра критика кон новинарот, без притоа ниту малку да го поштеди.
– “Бобан, од авион се гледа дека знаејќи дека кај СДСМ не врвиш, се обидуваш да го рекетираш Груевски да ти најде некоја тезга, да грабнеш некоја илјадарка за од Брисел да ни продаваш муда за бубрези, оти во Македонија очигледно не ти се доаѓа за живеење. Те прати ВМРО во Брисел, седеше таму неколку години, убаво ти беше, ти плаќаа фул се и плата и стан и се, е сега откако тоа го нема, одеднаш ВМРО и Груевски не чинат. Морал нула. Образ ѓон.Ниту ВМРО обезбеди кворум, како што гледаш СДСМ и албанските партии имаа не 61 пратеник колку што минимум им треба, туку дури 66 гласа. Ниту гласаа пратениците на ВМРО за, туку против законот. Ако излезеа од салата пак ќе се изгласаше законот ама медиумите ќе пишуваа: Законот за употреба на јазиците изгласан со 66 гласа за, и ниту еден против. И ти пак ќе пишеше дека Груевски и ВМРО е вакво-такво и сл. Главниот твој проблем Бобан не е ни законот ни нешто тука во Македонија. Ти едноставно си бараш новинарска работа и пари и сметаш дека ако го плукаш Груевски и ВМРО или тој ќе ти најде ангажман и пари, па оддеднаш ќе почнеш да го фалиш како што го фалеше со години, или пак дека на СДСМ ќе им се видеше симпатичен па тие да те ангажираат или поточно платат преку некој од нивните медиуми или на било кој начин. А и таму во Брисел сакаш да чујат дека ти не си веќе за Груевски, бидејќи знаеш дека тие одамна не се за него, и знаеш и зошто-заради името. Ама додека МИА плаќаше супер беше Груевски, сега оддеднаш и ти Бриселец стана.Мене ми е јасно дека си западнал во финасиска криза во Брисел. Читав си станал магационер на утовар и истовар, тешка физичка работа. Сочувствувам со тебе, знам дека можеш и повеќе, ама вака на нечесен начин ништо нема да направиш. Само се резилиш дополнително со класично рекетарење. Јас да сум на местото на раководството на ВМРО и Груевски не би ти барал ангажман па последен да си на свет, па пишувај колку сакаш. И онака ги има многу што се против него. Не си ни прв ни последен вака, гледаме во овие месеци многу вакви фраери, кои да не беше Груевски и ВМРО немаше да се фактор во политиката, ама пробај Бобан почесно да стигнеш до новинарска или било која полесна и поплатена работа наместо магационерска. И ако веќе сакаш да рекетираш, не плукај кога нешто добро е направено. ВМРО го кочи овој закон за употреба на јазиците од крај на август. Сега е средина на ноември. Гласаше против. Опозиција е, нема мнозинство во Парламент, не може да го спречи донесувањето. Ти тоа добро го знаеш…И кога ќе се врати ВМРО на власт треба да знае дека во Македонија има илјадници како Бобан, и многу поквалитетни од него кои имаат капацитет и знаење да бидат пратени во Брисел или на слична солидно платена работа, а кога ќе заврши мандатот или кога ВМРО ќе отиде во опозиција наместо да го плукаат ќе дојдат и ќе се заблагодарат за шансата што ја добиле. Луѓе кои не плукаат во бунар од кој пиеле. Луѓе со цврст карактер, со интегритет, стабилни личности и што ценат кога некој ќе им помогне. А, не рекетари кои се со ВМРО само додека има пари. ВМРО има многу повредни Вмровци од овој Бобан, кого до 2006-та не го познававме дека постои, а камоли да бил дел од ВМРО. Памет во глава за следниот пат. Шанса на другите, а овие како овој Бобан треба да им се врати мило за драго кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт повторно. Сега нека лае, ќе си го слушаме, оти сме го заслужиле со самиот избор да го пратиме таму. И од нас многу сакавме во Брисел да живееме на трошок на МИА, и ние сакаме нашите деца да растат и учат во бриселските многу поквалитетни училишта од нашите, а сето тоа да го заработиме со два три 2 минутни прилози неделно. Овој Бобан сега пишува за други дека не сакале да се тргнат од функција, а не кажува дека тој не сака да се врати од Брисел и дека е спремен и клозети да чисти само во Брисел да живее и во Македонија да не се врати. А навечер после работа ќе ни сере на фб.Ќе ни глуми политичар и аналитичар и ќе не учи како да сме работеле во Парламент, и како да гласало ВМРО. Како ВМРО да му е криво што за 6 години во Брисел не се оспособил да најде подобра работа таму од таа што ја има сега. Како божем МИА со помош на ВМРО да го пратила доживотно таму и сега ВМРО и Груевски му е криво што типов изгуби работа, не сака да се врати во Македонија, а е изгубен во Брисел и ќе лечи фрустрации на нас тука кои и во добро и во тешко време сме со ВМРО и Македонија, а ние пак ќе го читаме и анализираме. Ваков рекетарски карактер не заслужува ништо да добие во иднина…колку сака нека плука, треба да се заборави.И за крај сакам да му се обратам на Бобан. Јас сум со ВМРО и во лошо и во добро. Бев кога ти не беше и кога бевме во опозиција. Ти и куп такви лукративни типови ни се придружија кога дојдовме на власт, и ни го вртат грбот кога ја загубивме власта. Јас те повикувам Бобан да покажеш храброст, да се вратиш во Македонија и да направиш нешто посилно од ВМРО. Ајде. Ако си фраер дојди. Основај партија, собери народ. Стани лидер па да видиш како е. Излези на избори. Побарај поддршка и доверба од народ, освој барем 52 пратеника ако не можеш 62. Ајде Бобан, пробај. Дојди машки да не победиш, а не како пудлица да лаеш од 2.500 километри далечина по фб. Најлесно е дома од кревет да солиш ум. Дојди на терен, да видиш како е. Дојди да се бориш за Македонија како што се бориме ние заедно со пратениците, раководство, комитети…доста беше јуначење од Брисел со 3-4 илјади евра плата за два -три натписи неделно. Децава твои научија француски, убаво е тоа, ќе им остане. Време е да дадеш нешто повеќе за Македонија, отколку “чаталење “од кревет со телефонот во рака, после работа во магацинот или каде и да е. Ако не дојдеш и не го направиш ова, само ќе покажеш дека ти си само една обична кукавица”.
На својот Фејсбук профил Стефаноски  упати долга и остра критика кон новинарот, без притоа ниту малку да го поштеди.
– &ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: