Стефче Алушовски: За црвено-жолтата боја сме го давале последниот атом од силата, време е повторно да се обединиме за Македонија

Поранешениот ракометен репрезентативец Стефче Алушовски на социјалната мрежа Фејсбук даде поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.-Моите бои се боите на Mакедонија. За тие бои сме го давале последниот атом од силата. За тие бои сме се радувале и сме тагувале заедно. Тие бои се нишката која ги врзува и Македонците и Албанците и Турците и Ромите и Србите и Власите и Бошњаците и сите останати кои подеднакво топло не грее МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ. Секој кој еднаш застанал простум пред МАКЕДОНСКАТА ХИМНА и МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ, знае што значи тоа. Тие моменти ми навираат повторно, кога како никогаш до сега треба да покажеме почит кон самите себе , кон МАКЕДОНИЈА , кон својот идентитет и интегритет. Време е повторно да се обединиме пред црвено-жолтата боја, не за себе ,туку за МАКЕДОНИЈА , за нашите предци, за нашите поколенија. За МАКЕДОНИЈА се работи! За заедничка МАКЕДОНИЈА!  За кого? За МАКЕДОНИЈА!, пишува Алушовски на Фејсбук.
-Моите бои се боите на Mакедонија. За тие бои сме го давале последниот атом од силата. За тие бои сме се радувале и сме тагувале заедно. Тие бои се

Пронајдете не на следниве мрежи: