Стив Вознијак: Samsung Gear е безвреден

Стив Вознијак, еден од основачите на Apple, секогаш бил отворен за сите платформи, но тврди дека се ослободил од својот Samsung паметен часовник по само половина ден користење.Иако многу луѓе воопшто немаат потреба од користење на таков уред, Вознијак вели дека потребата за постои, но дека засега нема соодветен производ. Тој е познат како еден од оние што без проблем ги прифаќа разните Android уреди, Samsung Galaxy Gear не е еден од тие уреди. По искуството што го имал со паметниот часовник на корејската компанија, Вознијак вели дека уредот е депресивно неадекватен.
„Тоа беше единствената технологија која ја купив за да експериментирам со неа и која ја продадов на eBay по половина ден користење, бидејќи е бескорисна и извршува многу малку корисни работи“ – вели тој и додава дека би сакал нешто со поголем екран што ќе ги нуди сите потребни информации на зглобот од раката.
Дознајте повеќе на gsm.mkИако многу луѓе воопшто немаат потреба од користење на таков уред, Вознијак вели дека потребата за постои, но дека засега нема соодветен производ.&

Пронајдете не на следниве мрежи: