Стиви Џи верува: Можеме да бидеме дел од ТОП 4

Легендата на англискиот премиерлигаш Ливерпул и општо земено на англискиот фудбал, Стивен Џерард, вели дека тимот на Ливерпул би можел да се врати на старите патеки.Ливерпул припаѓа на Топ 4 во Англиската Премиер Лига, тоа е тим кој во својот состав го има легендарниот Стивен Џерард, несоборливиот капитен, фудбалер кој одби толку многу богати понуди од разни богати тимови, па истиот тој фудбалер, има надеж дека Ливерпул ќе се врати на старите патеки, а за почеток ветува дека во новата сезона Ливерпул со сигурност ќе атакува на ТОП 4.
„Никогаш не сум ја довел во сомнение мојата верност кон клубот, капитенската лента ја носев кога имав 22 години, знам што значи одговорност, сега кога Карагер и Реина си заминаа од тимот, останатите играчи ќе мораат да ми помогнат да се предводи оваа екипа во постигнување на големи резултати“ вели Стивен Џерард.
Популарниот „Стиви Џи“ верува дека Ливерпул може да биде дел од елитната четворка во Премиер Лигата.
„Мислам дека во новата сезона можеме да се избориме за пласман во Лигата на Шампионите, тоа многу ни значи нам“ вели Стивен Џерард.Ливерпул припаѓа на Топ 4 во Англиската Премиер Лига, тоа е тим кој во својот состав го има легендарниот Стивен Џерард

Пронајдете не на следниве мрежи: