Што да пробате на Пиволенд?

Од пива кои ги правеле баварски калуѓери па се до официјалното пиво на фудбалскиот клуб Барселона. Понудата е голема и разновидна.Фестивалот на пивото- Пиволенд е одлична прилика да пробате нешто ново доколку сте љубител на најпопуларниот алкохолен пијалок во светот, а трет на листата на сите пијалоци, веднаш после водата и чајот.
Оваа година изборот на пива е зголемен за уште две нови македонски пивари, но и голем број пива од разни страни на светот. Heineken, Bitburger, Kamenitza, Peroni, Lasko, Duvel, Amstel, Kenbach, Tuborg, Guinness, Union, Corona, Chimay, Karlsberg, Kilkenny, Barbar, Hoegaarden, Black Cab, Trappistes Rochefort, Paulaner, Stela Artois, Murphy's, Orval, Staropramen, Liefmans, Jelen, La Trappe, Erdinger, Shoferhofer, DUB, Radeberger се само дел од пивата кои ќе може да ги дегустирате на Пиволенд.
Тука се и македонските брендови- Скопско, Староградско, Македонско, Крале Марко, Горско и Битолско. Под мотото – „На Пиволенд најисплатливо е во друштво“ ќе може да се купат пакет понуди од неколку пива на повеќето штандови. На штандот на Скопско за 4 купени пива, следуваат две гратис. Фудбалските фанови сигурно ќе ги радува фактот дека ќе се продава официјалното пиво на фудбалскиот клуб Барселона од Шпанија – Естрела кое воедно е и најквалитетното шпанско пиво. За првпат на Пиволенд, на штандот за коктели ќе може да се пробаат и пивски коктели, летни и освежителни подготвени во комбинација со друг алкохол и свежи овошни сокови.
Ќе има и пивска продавница која ќе нуди голем број на пива кои не може да се купат во нашите маркети. Само мал дел од понудата се следните пива: Tripel Karameliet. Се произведува по автентичен рецепт од 1679 година. Се користат три култури: пченица, овес и јачмен. Арома на банана и ванила. Најдобро пиво Pale Ale за 2008 година. 8,4% Gulden Draak. Темно tripel пиво. Втора ферментација со вински квасец. Темна бакарна боја. Долготрајна пена со боја на карамела. Арома на јаболко и цреша, но и кафе со долг слатко-горчлив завршеток. Највкусно пиво за 1998 година според American Tasting Institute. 10,5%. La Chouffe.
Нефилтрирано светло пиво. Овошен вкус со нота на коријандер и хмељ. 8%. Mc Chouffe. Неутрално и нефилтрирано темно пиво. Длабока црвена боја. Јаки ароми, особено анасон и карамела. Нота на круша. Долг завршеток. 8%. Pauwel Kwak. Светло кафеаво. Шеќерна арома со костенливо овошје. Лесно слатко. Јако пиво. 8,4% Westmalle Dubbel. Tемен црвенокафеав трапист со секундарна ферментација. Тревскасто и овошно со свежо-горчлив завршеток. Манастирско пиво што се произведува од 1856 година. 7%.
Останува на вас да изберете кои пива сакате да ги дегустирате. И не заборавајте, конзумирајте одговорно.
Фестивалот на пивото- Пиволенд е одлична прилика да пробате нешто ново доколку сте љубител на најпопуларниот алкохолен пијалок во светот, а трет на

Пронајдете не на следниве мрежи: