Што Даниел Кајмакоски може да не научи за маркетинг, продажба, претприемништво и успех?

Еден покоен професор по физика (или беше наставникот по ликовно од 1во до 4то…ај сега, ме замисли…)
…велеше дека жалосно е што кога гледаме филм или било каква забава на ТВ го користиме само како адреналински или емотивен фикс, наместо да прокопаме подлабоко за да видиме позади убаво спакуваната приказна и да дознаеме што ние можеме во нашиот живот да примениме/подобриме од целото тоа.Ако ме познаваш, знаеш дека сум фрик за моделирање и откривање на формулата/рецептата како нешто успеало и дошло до таму каде што е.
Последно што ми привлече внимание е Даниел-чо Кајмаковски.
Кул момак, не сум фан за сега, но ме заинтересира моментот како веднаш има коментари од младите дека, ете одиш на едно шоу и пау, стануваш познат и признат.
Читај ми од усни: НЕМА – ГРЕШКА! (Еве ти и на “француски” БУЛ-ФАКИНГ-ШИТ!)
Уште една поента пред да поминам на главното.
Често се ложиме на Ричард Бренсон и останати фаци кои што имаат милиони во моментов и ги читаме нивните поуки но, приказната кога биле на почетоците и емоциите се сосема други од денешницата и денешната перспектива.
Затоа, често препорачувам да проучуваме луѓе кои што се уште на почетокот на “нагорнината” и да моделираме што тие прават затоа што многу лесно можеме да се поврземе.
Добри сме до тука?
Супер, гледај сега што можеме да научиме од Даниел: (уште ова: Не го знам директно, нити некогаш сум го видел некаде, ова е само моја опсервација на дел од она што можам да го видам изминативе месеци)

1. Упорност, Пот и Голтање прашина
10 та година труд! Од 2006та година, колку што можам да видам, човекот се труди да пробие лед.
Ако направиш едно пребарување, или неколку со варијации на неговото име на YouTube, ќе видиш различни видеа од Даниел.
Значи од објавување на видеа, до пеење во двор, до аудиции каде што може да стаса, дечково се трудел.
Секој пат кога ќе пробаш нешто ЕДНАШ и ќе кажеш “НЕ ЈА БИВА”, секогаш кога ќе отидеш кај еден клиент и нема да купи, секогаш кога ќе испратиш едно CV за работа и не ти пишат….не се заклучувај дома и не лежи под јорган.
Никој ништо не ти должи, стани, истреси се и идеме од ново.
2. Итерација – Падни па врати се подобар
Пеел во Бугарија, Македонија, Виена и каде се не знам… и не ја бивало.
Еве го сега на адрија со далеку по изграден стил.
Не запрел во со пеењето во дворот. Вежбал и се спремал за следното.
Гадно е кога ќе ти речат “не фала” нели?
Имаш две опции, или да отидеш и да кукаш или да држиш Чак Норис фаца и да речеш “зошто?”.
Второто е Г точката. Добиваш фидбек и одиш пак во “гаража” за да доработиш базирано на фидбекот.
Не купи клиентот овој пат, не те викнаа на интервју, не ти дадоа пари за бизнис идејата…супер, врати се чекор наназад и реосмисли/подобри го она што си го направил, за да пробаш/додадеш нешто ново и одиме утре пак.

3. Работи на талентот т.е. она што го правиш и начинот на којшто го правиш
Ако ги видиш видеата што ги имам закачено низ текстов ќе ја видиш несигурноста и необработеноста. Погледни го првото видео на Х фактор Адија, погледни го последниот настап каде што ја пее Чија си.
Само малку треба да ги видиш сите ситници и финеси. Тоа не паѓа од небо, туку се добива со работа.
Колку време инвестираш дневно за да подобриш начин на говорење, продавање, учење нови техники, учење нови пристапи, читање најнови книги од индустријата, проучување биографии на луѓе од кои што шеруваш мисли на фб?
Колку од тие информации што ги примаш, одиш и ги пробуваш дневно?
Ти, јас и било кој сме продукт кој што секојдневно се менува. Или земи се себеси во раце и почни да се обликуваш или средината ќе го направи тоа.
Гледај на талентот твој или стилот како “work in progress” и секој ден додавај нешто ново.
Биди лудиот научник кој работи на најважниот проект: ТИ!
4. Најди работа што ќе ти носи пари за да се издржуваш, додека работиш на талентот
Не бивало со музиката. Фак ит, бугарите рекле не, македонците не се палеле на “нежна ко принцеза”, авалон не го земале да напише нова песна за Каролинчето (или да направат дует…)…кул.
Треба да се јаде денеска.
Си нашол работа во градежна фирма.
А ти? А јас?
Не те примале во Т Мобиле, ЕВН и ВИП или некоја друга компанија, заедно со неколкуте добри помали компании во МК?
Не ти успеала идејата да направиш бизнис, не носиш доволно продажби за процентот да те издржува?
Супер! Следно? – Прочитај ја точка два погоре.
А во меѓувреме празен е фрижидерот?
Тргај и во ресторани, градежни фирми, Грција, УСА или пиши и на Нонето и оди на брод, додека аплицираш за работа.
Купи си тегла и напиши со маркер на неa “СРАМ” и остави ја во подрум или во фрижидер т.е. дома.
Оди сега надвор и донеси пари.

5. Ако не те пуштаат на главен влез, оди дома исплачи се и јади сладолед или Нутела и после пробај од споредниот влез.
Пеел што пеел ама не се потпалил оганот. Пробал со пишување на текст за музика. И напишал песна на Каролина.
Уште една работа што ја збогатува сликата за него сега кога веќе е под Х фактор рефлекторите.
Класична диверзификација кога станува збор за маркетинг, претприемништво или успех. Ако не те пушта секретарката да дојдеш до директорот, следниот пат кажи дека си водоинсталатер.
Ти се случило да не сакаат да купат од тебе кафез за папагали, бидејќи веќе имаат извор од каде што си ги набавуваат тие работи?
И на мене.
Она што истиктивно правиме е да пишеме крст на таа зделка.
Чекај, што ако можеме да им продадеме просо за папагали прво?
Што ако можееме да им продадеме нешто што “се бара” моментално или за кое немаат извор, за потоа да ги убедиме…. кога веќе купуваат просо од нас – да купат и кафез?
Смарт а? Ду ит!
6. Ако не бива во горно село, пробај во долно село. Фак ит, пробај во сите села наоколу!
Пробал Бугарија…нема пожар.
Пробал Македонија…нема пожар. – Благодарение на синот на омилениот Драган Вучиќ го дознавме и ова.
Пробал Србија и Х фактор, Пау! Нешто гори!
Не можеш да најдеш работа во Скопје, пробај Битола.
Не можеш да го продадеш продуктот во Битола, пробај во Охрид.
Не можеш да ја реализираш претприемничката идеја во Македонија, аплицирај на се живо и диво од стартап програми во Италија, Бугарија, Грција, Германија…
Границите се само во нашата глава и булшит изговорите со кои што се хипнотизираме секој ден. И да, жртвување ќе има. Но, одреди што сакаш и застани зад тоа. Да не го правиш истиот муабет како татко ти после неколку години: “Абе јас на времето можев ова, можев она ама…” (истото важи и за мене и за мојот татко, без гајле!)

7. Правењето е подобро од зборувањето. Правење + зборување…охо, тука е јакото.
Youtube, Twitter, Facebook и сите дневни зомбија кои што го цицаат нашето внимание, носат и добро т.е. може од зомбија да се пренасочат во добри вили и “благодетни оружја”. (за овој дел, практични и бесплатни видеа од мене можеш да најдеш на www.45minutesmarketing.com , посети ја страната штом го прочиташ текстот до крај)
Не можам да потврдам дека Даниел го правел ова добро, ама знам дека сега веќе ќе го прави и затоа уште од фрижидер што не излегуваат информации за него.
Може си добар и многу добро знаеш да…[внеси си вештина] но, ништо тоа не значи додека не почнеш да ја брануваш водата за да може да им го поттурнеш бродот на оние кои што можат да платат за она што го можеш.
Помогни на еден човек оваа недела, следната на друг со она што го знаеш, па направи блог, објавувај видеа на YouTube, помагај на Facebook, зборувај на SoundCloud… покажи дека знаеш нешто и дека си поразличен/а од другите.
О, да! Не е лесно. А кој ти кажа дека ќе биде?
8. На сите ни треба ментор и тренер
За тоа дека многу убаво си пеел по дома Даниел, не дознавме низ годините.
Дека бил во БГ на талент шоу и дека некој го зел под крило, не разбравме.
После фестивалот во Македонија, немало нежна принцеза за да му ги каже “финтите” на индустријата.
Сега сме на Х фактор и “Лане Мое”, според форматот на шоуто, треба да направи “бог и батина” од приказната и талентот на Даниел за да може да успее неговиот играч.

Колку што знам, слична приказна имаше и за покоен Тоше.
Исто е во спортот (и бтв во било која друга професија и дисциплина) Роналдо, Моналдо и други спортисти имаат тренери….успешни бизнисмени имаат бизнис и психолошки тренери…некој од страна којшто ќе ги бодри, ќе ги предизвикува, ќе ги кара и ќе ги насочува.
Кој го имаш ти? Ако немаш некој, најди уште денес.
Сигурно знаеш некој што знае некој којшто успеал или со помош на интернетот, можеш и виртуелно или фиктивно за почеток да имаш и најдеш коучинг програми или книги.
Како ти звучи ова?
Не те познавам, но ако си на пат да најдеш работа, да направиш бизнис или да продадеш/промовираш нешто, погледни ги уште еднаш сите работи погоре и види што можеш да искористиш во твојот пристап и живот.
Не се давај и стегни задникот! Успех преку ноќ има, откако ќе поминат неколку години од упорна работа.
Работи на своето, бидејќи во спротивно ќе бидеш осуден да работиш за некој и неговото.
ПЛУС: Поддржи го Даниел гласајќи за него и следи го неговиот успех за да “хакнеш” што можеш ти да примениш кај тебе.
Преземено од: jocotodorovski.com
 Ако ме познаваш, знаеш дека сум фрик за моделирање и откривање на формулата/рецептата како нешто успеало и дошло до таму каде што е.
Послед

Пронајдете не на следниве мрежи: