Што ги шокира другите кај вас според хороскопот

Не сме сите светци, нели? Погледнете како вашиот хороскопски знак влијае на тоа како ги шокирате луѓето околу вас.Овен
Ќе ве шокира со својата брзоплетост, нетрпеливост и презит кон сечии совети. Дури и да ве сослуша на неколку минути, пак ќе си прави по свое. Особено е нестрплив спрема колеги на работното место кои глумат „фаци“ пред него, па им кажува се в лице без оглед на последиците. И не се зачудувајте доколку излегувате со некој овен кога ќе отидете кај него дома; тој ќе ве дочека во тренерки со шрафцигер и осигурувач во едната и пиво во другата рака. Па не е доцна за излегување, не е крај на светот, нели?
Бик
Неговата истрајност, упорност и тврдоглавост може да ве изнервираат. Моше со денови или месеци да чекате нешто што ви ветиле, бидејќи ако биковите се улежат, тешко дека некој или нешто ќе ги помрдне. Како колега на работа, особено ако работите во медиум, неговите навики се непожелни, бидејќи целосно ќе ве избезуми.
Близнаци
Близнаците можеби ве шармирале со својата интелегенција, комуникативност и информираност, но набргу стануваат досадни и се претвораат во луѓе кои уста не затвораат, спијат со мобилниот телефон под перница, и зјапаат во телевизорот дури и ако им приредите приватна ревија за долна облека. Вистинскиот шок допрва би дошол кога тие треба да го препаркират автомобилот, додека на канаринецот му треба вода и на машината за перење поправки.

 
Рак
Додека мислите дека вашиот рак се „убива“ од работа, тој ќе ве шокира така што ќе ви се јави од непознат број (неговиот телефон е веќе празен) на пријател додека се во некоја кафеана. Ќе ви се жали како во супермаркет картичката му била одбиена додека купувал нешто за дома и како тоа постојано неговите роднини му додеваат.
Лав
Подобро прашајте се со што не ве шокирал лавот до сега, бидејќи тој секогаш е спремен за „големи дела“. И за неговото задоволство кое би го споделил со вас, како карти за некоја модна ревија, филмска или театарска премиера, вие не сте тука, кој ви е крив? Затоа немојте да се изненадите ако вашата лавица ви соопшти дека ќе оди на летување со пријателките, или пак ако вашиот лав ви рече дека ќе оди со другарите н некој фестивал на пивото.
Девица
Знае и таа да шокира, особено со нејзината приземност и перцепција на реалноста. Таа секогаш ќе ве спушти на земја доколку забележи дека се подзалетувате за некои работи. А што со меѓусебните чувства? Не грижете се. И тука девицата знае да ве изненади, така што или ќе го поправи интерфонот, или пак ќе ви зготви прекрасен ручек. Ќе седне спроти вас и со отворени очи ќе ги чека вашите пофалби, бидејќи знае дека се дојдени нејзините 5 минути.

 
Вага
Така слатка, а така шокантна што нема да им верувате на сетилата. Сигурно се вџашувате кога на телефон вашата вага ви кажува како ви ја испразнила сметката во банка затоа што налетала на добри чевли, чанта и некој друг моден додаток. Вагата отсекогаш била во ренд, затоа и ве привлекла. Како и да е, таа многу ве сака па ќе ви ја прости оваа шокираност од нејзините потреби.
Скорпија
Иако би сакала да ви каже се в лице (особено на оние кои ги смета за недораснати), скорпијата никогаш нема да го шокира оној кој го љуби. Таа всушност ќе го направи тоа на уникатен начин, така што ќе направи сите да гледаат спас во неа а сепак ништо да не и можат. Ако навлезете во мечтите на скопијата, ќе се шокирате кога ќе дознаете дека таа мечтае да се врати на младешките денови кога немала ништо, ни пари, ни кариера, ни џипот во гаражата, и кога била заљубена до уши, но не во вас.
Стрелец
Што друго да ве шокира ако не тоа што баш вас ве избрал за партнер. Адреналинот му тече низ вените и ви го предава вам кога се возите во неговиот автомобил, или пак ви соопшти дека сака да имате дете, иако веќе можеби има и внуци. Женските стрелци пак сакаат нов автомобил, бидејќи сакаат да патуваат, или пак заедно со вас да отпатуваат некаде со авион. Немојте да се зачудите ако тие ви ја пронајдат тајната кредитна картичка која сте ја чувале за посебни прилики.

 
Јарец
Ќе ве шокира со тоа како во еден здив се обидува да в објасни што му се случува на работа, или пак како се подготвува да објави книга која му е при крај со пишување, како сака да доврши некоја уметничка слика, да доврши некоја музичка композиција, или пак да дизајнира сопствена модна линија. Веднаш ќе ве подготви за заедничко патување во Париз или Рим и ќе се распраша за се: билети, сместување, настани… Нели еднаш се живее?
Водолија
Ако мислевте дека водолиите не можат да шокираат, сте се излажале. Може да шокира кога ќе почне на време да си доаѓа дома од работа, а вие божем ко за инает сте го прескокнале заедничкиот ручек и сте излегле со пријателите.  Ќе и пишете порака, а таа ќе ви каже дека се е во ред. Потоа ќе се испружи на каучот пред телевизорот. Мобилниот постојано ќе и ѕвони, по што веднаш ќе го стви на „нечујно“.
Риби
Рибите мое да ве шокираат и кога се збунети, и кога не се, па и кога се преправаат дека се збунети. Како и да е, таа веќе успеала да ве шокира со некоја деловна одлука од која ви се крева косата. Сепак, на крајот не сте вие шокираниот, туку нејзиниот деловен партнер. Во меѓувреме, вашата партнерка риба веќе некому му паднала во очи, а парнерот риба веќе залудил некоја девојка. И кој е сега тука шокиран?Овен
Ќе ве шокира со својата брзоплетост, нетрпеливост и презит кон сечии совети. Дури и да ве сослуша на неколку минути,

Пронајдете не на следниве мрежи: