Сто години од раѓањето на Радослав Петковски

Во мултумедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во Скопје,на 28 септември 2016 година во 19 часот ќе биде одбежана стогодишнината од раѓањето на писателот Радослав Петковски.По овој повод ќе биде промовирана книгата од овој автор „Поезија,раскази и драмски текстови“во подготвка на проф.д-р Нада Петковска.издание на „Панили“.За животот и делото на авторот ќе говори проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска.
Радослав Петковски (Рсен,1916 – 1955,Белград ) во 1940 година во Белград завршил Правен факултет.Работел како помошник кај адвокаот Асен Каваев во Охрид,како библиотекар во градската библиотека и како секретар на општината Охрид.Во 1949 година е избран за судија на околискиот суд во Охрид.
Во својот краток живот објавил поетски,прозни и драмски текстови. Неговата книга со раскази „Рибарот Климе“ беше задолжителна лектира во образованието на Република Македонија.
Студентите од Факултетот за драмски уметности Томислав Давидовски и Марјан наумов ќе читаат стихови од Радослав Петковски.За животот и делото на авторот ќе говори проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска.

Пронајдете не на следниве мрежи: