Даночната управа на Србија започна истрага за утврдување на потеклото на имотот на српската пејачка Сандра Африка, која речиси и да нема пријавени приходи.Таа често јавно се „расфрла“ со луксузни станови, скапи автомобили, јахти, пишува во своето денешно издание белградскиот весник „Курир“.
Според објавеното, даночната управа тргнала во акција на вкрстено истражување на имотот и на приходите на естрадните личности во Србија, а прва на удар е фолк пејачката, Сандра Продановиќ во јавноста позната како Сандра Африка. Ова „чешлање“ на српската естрадна сцена е составен дел од сеопфатната активност на даночниците, кои се обидуваат да ги стават во легален тек, сите нелегални приходи. Во тоа влегуваат и сите приходи, кои нашите ѕвезди ги остваруваат со своите настапи и тезги, а кои воглавно воопшто не ги пријавуват, поради што државата губи околу 87 милиони евра“, пишува весникот.
Сандра сѐ уште не се огласила по повод овие медиумски написи, а нејзиното момче Микша за медиумите изјавил дека таа не работи во Србија, туку само во странство, каде ги пријавува приходите и данокот.
Таа често јавно се „расфрла“ со луксузни станови, скапи автомобили, јахти, пишува во своето денешно издание белградскиот весник &b



