Што кажува начинот на кој го гушкате вашиот партнер за вашата личност во врската

Лице в лице

Очите на партнерот се како прозорец на среќата, така што гледајте во нив секој пат кога сте со него. Доколку се прегрнувате на овој начин тоа значи дека многу сте поврзани што скоро тоа и ве плаши.
Moја си

Вие двајца сте и љубовни партнери и пријатели и никој не може тоа да го промени. На вас ви е здодевно да шетате држејќи се за раце како и сите останати, па сте одлучиле тоа да го промените за да ви биде позабавно.
Држење зад грб

Ова значи дека не ви значи партнерот колку што на него му значите вие. Ова делува многу другарски и како да сте секој сам за себе. Татковците и ќерките го прават ова понекогаш.

 

Те имам
Вие се однесувате заштитнички и партнерот за вас е една посебна личност. Не постои поголем знак тоа да му го докажете, од тоа да стоите веднаш зад него.

Силна прегратка
Вие не сакате да се разделите од партнерот или да го изгубите, тоа за вас би било погубно. Прегрнувањето цврсто е најдобар начин да му покажете колку го обожавате и дека никогаш нема да дозволите да му се случи ништо лошо.

Лондонски мост
Оваа прегратка е онаа кога партнерите се гушкаат што е можно од подалеку, долниот дел од телото ви е оддалечен од другиот. Овој став покажува неудобност во врската.

Крпена кукла
Ова е како „еднонасочна улица“ во врската – едната личност ја прегрнува другата што е можно повеќе, додека другата стои млитаво. Овој став покажува длабока нерамнотежа помеѓу партнерите. Колку и да се трудите, навистина е невозможно да ја одржите врската ако другата личност не покажува исти емоции.

Благ танц
Вие сакате само романтика и ако вас нежно ве фати околу струкот ќе изгледате како заљубен пар на матура кој танцува. Ова е типично за тазе паровите кои само што ја почнале врската. Ако сте подолго време во врска тогаш тоа значи дека љубовта уште гори во вас.

Вашата рака во неговиот џеб
Можеби сте малку скептични кон партнерот ако секој пат ја ставате раката во неговиот џеб. Можеби проверувате дали чува некое љубовно писмо од некоја друга девојка?

Прегратка во лет
Оваа прегратка е врзана за страст и посветеност. Оваа положба открива дека имате константна желба еден кон друг. Лице в лице

На кој начин го прегрнувате вашиот партнер кога шетате по улица? Што всушност претставува секоја ваша прегратка и начинот на кој тоа го правите?

Пронајдете не на следниве мрежи: