Што може да ви се случи доколку не примите вакцина?

Здравјето е состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, тоа претставува општа состојба на човековото тело, ум и дух. Здравјето значи пола живот.Понекогаш колку и да внимаваме, се случуваат несакани работи.  Колку и да го чуваме и пазиме нашето здравје, секогаш постои нешто што кое ќе ни ја попречи благосостојбата. Дали ќе го спречиме на време, зависи од нас самите, но и од тие што не израснале. Во оваа приказна, која е исповед на една жена, се објаснува за тоа како непромислените работи понекогаш можат да ни предизвикаат несакани последици во животот. Се зборува за тоа како се живее еден живот без примање на вакцина!
Растејќи невакцинирана
Имав здравје какво што секој можеше да посака. А, сепак бев болна цело време.
Јас сум дете на 70-те. Како мала не сум била вакцинирана. Ме хранеле со неверојатно здрава храна, не било дозволено шеќер додека не сум наполнила 1 година, ме доеле повеќе од  една година,  сум се хранела само со огрански домашен зеленчук, сурово млеко без адитиви итн.
Мајка ми користеше хомеопатија, ароматерапија, остеопатија и ние секојдневно имавме надополнување од Витамин Ц, ехинацеа, масло од црн дроб. Тоа ни беа неизминливи работи во текот на денот.
Имав отворен начин на живот. Пораснав до една фарма во езерото Дистрикт во Англија, одев насекаде, спортував, танцував два пати неделно, пиев многу вода.  Дури и мојот сок беше во разредена состојба поради заштита на моите заби, и се ќе дадев за еднаш во мојот живот да пробам бел убав леб за ручек и чоколадни бисквити наместо овошје, како и другите деца.
Јадевме месо од органско потекло, еднаш до два пати неделно. Сеуште го чувстувам вкусот на крцкавите палачинки , чипсовите и помфитот кои беа резервирани за оние ноќи кога ни доаѓаа гости, па само тогаш правевме исклучок и пробувавме по нешто.
Мојот живот се чинеше прилично здрав, а јас сепак добив мали сипаници, заушки, рубеола, еден вид на менингитис, голема кашлица, и големи сипаници. На 20-те години, добив ХПВ и поминаа шест месеци од мојот живот прашувајќи се како може да ми се случи ова.

Како е можно со такво идилично детство и неверојатно здрава исхрана, да се чувстувам толку лошо цело време?
Мојата мајка не пушеше цигари, не пиеше алкохол, а на нас никогаш не ни беше дозволено да гледаме она што сакаме на телевизија. Таа сакаше алтернативно здравје. И знаете што? Мило ми е што таа се грижеше за нас на тој начин.
Но тоа едноставно не ја спречи мојата болест. Моите две вакцинирани деца пак, ретко кога се болни, тие примиле антибиотици еднаш до два пати во нивниот живот. Не се како нивната мајка. Јас добив многу болести кои бараа сериозен третман со антибиотици.
Тие немаа многу болести, освен сипаниците кои  ги добија за време на доењето. Исто така пораснаа на здрава исхрана. Јас не бев толку строга како мојата мајка, но со помош на тој систем на живот тие стануваа поздрави и посилни  од ден на ден.
Одсекогаш мислев дека компликациите со детските болести се многу ретки,  но откако се соочив со моите болести, ми се смени мислењето. Навистина доживеав едно пеколно детство. И не само јас туку и многу други кои не биле навреме вакцинирани.
Имам пријатели кои останале глуви од мали сипаници, имам делумно слеп пријател кој имал рубеола во матката,  познавам луѓе кои имале пневмонија од сипаници, братот на еден пријател починал од менингитис.
Овие докази се ништо без да постојат некакви факти за тоа. Но и  фактите и науката базирана на докази не се доволно д Моето лично искуство и сето тоа што ми се случи во животот живеејќи незаштитено без вакцина подоцна ме поттикна да ги вакцинирам и заштитам моте деца а и самата себе.

Анти- вакцината е најголемата грешка на моите родители.
Назад во 90-те, кога станав млада 19 годишна мајка, исплашена од се што се случува во светот почнав да учам за хомеопатијата, лечење со билки, ароматерапијата, почнав да верувам во ангели, гатање, во знаењето на Инките, Еѓипќаните, почнав да верувам дека на некој начин сум била лично благословена од Светиот Дух и дека имам исцелителски способности.  Почнав да земам совети секој ден од тарот картите.  Бидејќи пораснав со помош на многу зеленчук, направив и доста хербални лекови.
Бев толку кршлива и слаба, што мислев дека ќе се распаднам. Тоа беа моменти кога контролата ми ја превземаа параноични мисли и стравови за светот околу мене. Но подоцна беа и денови кога престанав да ги земам апчињата за шеќер,  и  веќе решив да посетам медицински професионалци. После  некое време почнав да напредувам и психички и физички.
Не сите околу нас се толку силни како што изгледаат, и не може секој да не се вакцинира.
Јас би побарала малку сочувство од страна на оние родители кои не ги вакцинираат своите деца. Би им рекла да не ги учат своите деца да бидат себични и исплашени  од светот во кој живеат.
Најважно од се,  сакам тие што практикуваат анти- вакцина да видат дека свесно ги изложуваат своите деца на болести. Дури и без никакви компликации овие болести сепак не се пријатни.
Не знам за вас, но јас не уживав во гледањето на деца кои страдаат . Ако никогаш не сте имале некои од тие болести, тогаш незнаете колку е тоа лошо.  Болка, непријатност, неможат да дишат, неможат да јадат, неможат да голтаат, имаат трески и ноќни мори, чуствуваат чешање по целото тело , губат толку многу тежина што неможат да одат правилно, имаат дијареа, живеат во карантин, отсуствуваат од училиште, имаат голем број на непроспиени ноќи, пот, солзи, крв, посета на итни случаи на полноќ , седејќи сами во близина и тоа со право , поради вашето исплашено и изнемоштено лице.
Оние од вас кои ги избегнале критичните детски болести без вакцини се навистина среќни! Оставајќи ги вашите деца невакцинирани, им ја скратувате слободата да живеат едно среќно и здраво детство!Понекогаш колку и да внимаваме, се случуваат несакани работи.  Колку и да го чуваме и пазиме нашето здравје, секогаш постои нешто што кое ќе н

Пронајдете не на следниве мрежи: