Што му порачал Жерновски на Пенов?

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов му даде отворена поддршка на својот сопартиец во трката за кандидат за градоначалник на општина Центар.
Се повеќе се актуелизира нивната поврзаност помеѓу јавноста, а актуелниот лидер на ЛДП со нетрпение го очекува вториот круг во трката за градоначалник на општина Центар, каде што против кандидат му е Владимир Тодоровиќ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Андреј Жерновски во периодот од 1996 до 2000 година беше советник во Советот на Град Скопје и заменик претседавач, додека во периодот од 2000 до 2002 година беше Советник на градоначалникот на град Скопје Ристо Пенов.
Токму во времете на владеењето на Ристо Пенов, медиумите тогаш пишуваа за скандалот дека градот ќе ја сопира наездата од инсекти во Скопје со сомнителни препарати, кои се штетни и канцерогени за здравјето на граѓаните.
„Прскањето, што треба да се направи идната недела, ќе се изврши со препарат што веќе 20 години е исфрлен од употреба и е отровен за луѓе, риби и за пчели“, пишува весникот Вест во јуни 2001 година во текстот со наслов  „Пенов ќе ги уништува комарците и ќе ги труе скопјани“.
Експертите тогаш оценуваа дека за уништувањето на комарците одлучуваат нестручни и некомпетентни луѓе.
Дневниот весник Дневник пишува дека отровот против комарци е канцореген и дека за уништувањето на комарците одлучуваат нестручни и некомпетентни луѓе, кои воопшто не ги консултираат експертите во оваа област
„Експертите никој не ги консултирал со години, за прскањето одлучуваат некомпетентни луѓе во Градот, а тоа го прават стихијно и нестручно“, изјави тогаш доктор Зоран Кавраковски од Фармацевтскиот факултет.
Останува отворено прашањето, дали Жерновски како дел од луѓето блиски до Пенов, му давал совети на скопскиот градоначалник да се прска со канцероген препарат штетен по здравјето на луѓето, бидејќи токму тој во овој период му бил советник на Пенов.
Познавачите тогаш коментираа дека прскањето против комарци, ќе се изврши со препарат што веќе 20 години е исфрлен од употреба и е отровен за луѓето.Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов му даде отворена поддршка на својот сопартиец во трката за кандидат з

Пронајдете не на следниве мрежи: