Што најмногу се лајкнувало и шернувало оваа година на Фејсбук

Социјалната мрежа Фејсбук на своите корисници им ги соопштува најважните настани во 2013 година, односно за што најмногу сме зборувале во годинава што изминува. На корисниците, под профилната слика им се појави – Преглед на годината. Компанијата одлучи да ги издвои вашите 20 најважни настани за оваа година кои најмногу ви ги лајкнувале или коментирале. Тоа значи дека можете да се присетите на некои фотографии за кои и не сте биле сигурни дека било паметна идеја за да ги споделите, но и фотографии од некои, за вас, незаборавни моменти. И се разбира, ви овозможија истиот тој преглед да го споделите со другите.
Но, Фејсбук, објави и што најмногу било во тренд на најголемата социјална мрежа.
Покрај животните настани, најпопуларни се: промената на статусот во врската, патувањата и преселбите.
Оваа година, најмногу луѓе се пријавувале на следниве локации: Аргентина – Буенос Аирес; Австралија – Мелбурн Крикет Терен (МКГ), Источен Мелбурн, Викторија и Бразил – Сао Паоло.
Според Фејсбук, темите за кои најмногу се зборуваше во 2013 година се свадбата на принцот Вилијам и Кејт и раѓањето на кралскиот син.

 
На корисниците, под профилната слика им се појави – Преглед на годината. Компанијата одлучи да ги издвои вашите 20 најважни настани за оваа година

Пронајдете не на следниве мрежи: