Што навистина се крие зад магичниот збор абракадабра?

Секој од нас го има слушнато зборот абракадабра, кој обично го придружува некој фокус или ефективен трик, но знаете ли од каде всушност потекнува?Една теорија вели дека тој доаѓа од античкиот арамејски јазик и веројатно некогаш значел нешто како „создавам додека зборувам“; можно е да се користел како фраза во древни религиозни текстови. 
Друго објаснување го поврзува со зборовите „Аб“, „бин“ и „руах акадош“ на хебрејски, кои соодветно значат „татко“, „син“ и „светиот дух“.
Зборот е откриен и во текст за медицински материјали на еден царски лекар во Рим, каде „абракадабра“ се користела како мантра за лекување на некои болести.
Така овој стар лековит збор патувал низ времето, за да стигне до XX век. Почетокот на XX век е тн. златно време на илузионистите. Тие биле многу популарни, ги полнеле театрите, се натпреварувале со трикови во кои комбинирале технички достигнувања и агилен ум. И секој од нив, особено ако е прочуен, требало да има свој збор. 
Абракадабра веќе го знаеле сите, но Данте маѓепсникот – сценски псевдоним на Данецот Хари Аугуст Јансен – измислил друг познат израз – „сим салабим“. 
Овие зборови биле нонсенс, иако според речникот на магичните зборови едната опција е коренот да е во нордиската митологија, а другиот да доаѓа од името на стариот арапски волшебник Али Сим Салабим, за кој сепак не е јасно дали воопшто постоел.
Комбинацијата меѓу „абракадабра“ и „симсалабим“ е излишна и никту еден магионичар не ја користи, бидејќи двојна магија не е толку потребна.Една теорија вели дека тој доаѓа од античкиот арамејски јазик и веројатно некогаш значел нешто како „создавам додека зборувам“; мо

Пронајдете не на следниве мрежи: