Што одговорил Рики Мартин кога син му го прашал: „Тато ти ли ме носеше во стомакот?“

Рики Мартин е горд татко на две 6 годишни момчиња, кои ги доби од сурогат мајка. Овој пејач морал да се соочи со едно од најтешките прашања во животот, кога еден од синовите го прашал како дошол на овој свет. Секако, Рики Мартин имал одличен одговор кој сведочи за вистинска родителска љубов.Гостувајќи во една радио емисија, Мартин се отворил и раскажал  како изгледало тоа кога  синовите му го поставиле најтешкото прашање. Момчињата дошле на свет преку сурогат мајка во 2008 година, а пејачот тогаш направил пауза во кариерата и во потполност се посветил на децата.
Сепак, кога го прашале дали тој ги носел во стомакот, тоа било навистина тешко прашање. Но, Мартин имал подготвен одговор и им објаснил дека ги носел во срцето и се уште  ги носи во срцето.
„Им објаснив, бидејќи не сакав да остане само на тоа. Им реков дека постои една жена која ја сакам со сето срце, која ми помогна да ги донесам на овој свет. Таа ми го позајми својот стомак за вие да можете да дојдете, а кога се родивте таа ве остави во моите раце“, раскажал Рики Мартин.

Иако во последно време кружат гласини дека Рики Мартин очекува ќерка, тој објаснил дека се работи за дезинформација.
„Ме прашаа дали би сакал да имам ќерка, реков да. Утредента во весниците пишуваше дека очекувам ќерка!“, објаснил тој, додавајќи дека би сакал да има уште деца.
Гостувајќи во една радио емисија, Мартин се отворил и раскажал  како изгледало тоа кога  синовите му го поставиле најтешкото прашање. Мом

Пронајдете не на следниве мрежи: