Што откриваат рацете за твојот алат

Ве предизвикуваме да не ги погледнете рацете после ова!Едно истражување објавено во Korean Journal of Andrology покажува дека мажите на кои показалецот им е пократок од четвртиот прст имаат поголем пенис отколку оние останатите.
Сигурно се запрашувате: Како дошле истражувачите до оваа чувствителна информација? 
Одговорот е: многу внимателно. Истражувањата биле вршени во една болница во Кореа на следниот начин: со согласност на пациентите кај кои требало да бидат изведувани уролошки зафати, по воведувањето во анестезија, а пред отпочнувањето на операцијата научниците ја мереле нивната “машкост”, а потоа и должината на прстите на раката.

Кое е научното објаснувањето за оваа навидум необична поврзаност?
Објаснување постои. Имено, нивоата на тестостерон на кои машките фетуси се изложени додека се во матката, ја контролираат должината на прстите, но и на пенисот. Д-р Денис Мекквад, научник кој не бил вклучен во студијата, објаснува дека ова рано изложување на тестостерон влијае и на уште многу други начини. Мажите кај кои показалецот е помал од четвртиот прст, “познат како низок соднос на прстите” од една страна имаат поголем ризик од настанување на рак на простатата, а од друга во текот на животот се покажуваат како подобри спортисти, подобри се во справувањето со финансиите, и имаат “подобар” спермограм.
Момци, до сега знаеме дека:

 
1. Ја погледнавте раката неколку пати2. Пробавте да ја наместите позицијата на раката за показалецот да изгледа помал.Затоа, погледнете го следното видео кое се надеваме дека ќе ви помогне реално да го утврдите соодносот помеѓу вашите прсти. Доколку не сте задоволни од резулататот, не очајувајте, сепак тој е одреден уште пред раѓањето. 🙂
 

ДокториЕдно истражување објавено во Korean Journal of Andrology покажува дека мажите на кои показалецот им е пократок од четвртиот прст имаат поголем

Пронајдете не на следниве мрежи: