Што погледот кажува за вашиот карактер!

Како што важи она, сликата кажува повеќе од илјада збора, така и вашиот поглед открива за вас, повеќе отколку што вие мислите.Еве што се може да се прочита од погледот
Големина на зеницата
Можеби, можете да ги контролирате мимиките на вашето лице, но големината на вашата зеница зборува сосема друго. Низ студиите се потврди дека кога гледаме во личност која ни се допаѓа, нашата зеница се шири, а дури и кога не можеме да ја видиме зеницата на другата личност, подсвесно ја регистрираме неговата или нејзината реакција. Зениците се стеснуваат кога сме под стрес. А спрема тврдењата на одредени експерти, проширените зеници не прават попривлечни.
Поглед кој го менува курсот
Поставете ѝ прашање на одредена личност и следете го нејзиниот поглед додека го подготвува одговорот. Некој експерти сметаат дека ако погледот се движи од нагоре, потоа оди кон десната страна, личноста веројатно лаже, и обратно – доколку погледот се движи нагоре, па завршува на левата страна, личноста ја кажува вистината. Сепак, не е толку едноставно. Времетрањето на гледањето во една насока, зависи од тоа како ги процесираме информациите, а тоа се разликува од личност до личност. Некои луѓе погледот го насочуваат надоле, се со цел да го сносат товарот од тежината на емоциите, а тоа не е универзален знак. Исто така, гледањето горе па лево не значи дека личноста лаже, туку едноставно покажува начин, на кој личноста прифаќа и сфаќа одредена информација.
Брзината на трепкање
Помалку трепкаме во одредени ситуации, на пример кога читаме, или работиме на компјутер. Голем процент од луѓето трепкаат просечно 21 пат во минута, кога се во нормална состојба. Сепак, понекогаш забрзаното трепкање може да е резултат на стрес или дека личноста не зборува вистинити работи. Други фактори, како на пример сувиот воздух или прашината можат да го зголемат бројот на трепкања, поради навлажнување или пак чистење на очите.
Триење на очите
Ако некој пријател го замолите за услуга, а тој се нафати, но започнува да ги трие очите во исто време кога дава одговор, веројатно вашата услуга не е по негова волја. Овој потег е прилично јасен говор на телото, а вклучува и прикривање на очите или спуштање на очните капаци на малку подолг период.
Повеќе на think.mkЕве што се може да се прочита од погледот
Големина на зеницата

Пронајдете не на следниве мрежи: