Дали некогаш се прашувате што работеле светските лидери во своите 20-ти години? – ова е вистинска можност да дознаете. За некои од нив можеби ќе се изненадите,за некои можеби не…но како и да е, ние ви откриваме со што се занимавале светски познатите лидери во дваесеттите години од својот живот:1.Барак Обама
Откако дипломирал на „Колумбија”, Американскиот претседател Барак Обама, се преселил во Чикаго во 1983 година. Но пред да се запише на Харвард во 1988 година, тој ја испитувал својата духовност, бил активен член на христијанската црква и патувал во Кенија да ги посети роднините.
Обама во текот на своите тинејџерски години пиел алкохол, пушел марихуана, а користел и кокаин, затоа што не можел да се носи со некои прашања кои го излудувале, – пишува PolicyMic.
2. Владимир Путин
Владимир Путин, Руски претседател и искусен разузнавач, со таа работа се занимавал пред да заврши правен факултет во Ленинград (Санкт Петерсбург). Работел во секретаријатот, бил контраразузнавач, а потоа обучувал агенти. Странските агенти го забележале кога работел во контраразузнавачката дивизија.
Откако завршил со факултетот со децении работел во разузнавачката служба, а интересно е што многу малку се знае за неговите рани денови.
Ангела Меркел
Ангела Меркел – Германската канцеларка, на дваесет години запознала колега од факултет за физика во Лајпциг. Само по три години тие се венчале, а додека студирала работела како шанкерка. Меркел се развела во 1982 година, по пет години брак, а повторно се омажила во 1988 за Јоаким Сауер, со кого сè уште е во брак.
Башар ал-Асад
Раните дваесетти години Сирискиот претседател ги поминал студирајќи медицина во Дамаск, а дипломирал 1988 година. Имал своја офталмолошка ординација во воената болница во Дамаск, и не планирал да се занимава со политика.
Откако неговиот брат Басел, кој требало да го наследи татко му, загинал во сообраќајка, Башар морал да почне да се занимава со политика. Асад едно време живеел и во Лондон и немал намери да се врати во Сирија.
Бенјамин Нетанјаху
Бенјамин Нетанјаху – Израелскиот премиер пред да наполни 20 години, пристапил во војска. Бил учесник во неколку значајни воени операции, особено кога во 1972 година кога од киднапери ослободиле патнички авион. Раните дваесетти ги поминал во САД каде студирал архитектура и бизнис на МИТ.
Дејвид Камерон
Првиот човек на владата на Британија по дипломирањето на Оксфорд, работел во истражувачкото одделение на Конзервативната партија. Иако го сметале за вреден и талентиран, го биел глас дека е дел од Булингдон групата, која е позната по недолично однесување на Оксфорд.
Камерон никогаш не зборува за членството во таа група, која неретко е вандалски настроена.
Ким Јонг-ун
Врховниот владетел на Северна Кореја има мистериозно минато, затоа што постојат сомнежи и за точноста на датумот на неговото раѓање, а се наведува дека е роден во 1982 година.
Веќе во своите рани дваесетти со својот татко одел во воени инспекции, а завршил и Ким Ил-сунг, воен универзитет, по што брзо се стекнал со чин генерал со четири ѕвездички.
Познато е дека е голем фан на Чикаго Булс, и дека го обожувал Денис Родман, кој и го посети.
Хасан Рохани
Хасан Рохани, Иранскиот претседател, е правник по струка, а студиите сам ги финансирал. Патувал по цел Иран, држејќи говори против шахот и го поддржувал ајатолахот Хомеини. Поради тоа морал да ја напушти земјата и да му се придружи на Хомеини во Париз.
Апсен е неколкупати во доцните дваесетти, а по Техеран, студирал и во Шкотска. Зборува персиски, англиски и арапски, а се служи со француски, германски и руски јазик.
Кси Џинпинг
Кси Џинпинг Генералниот сектретар на Комунистичката партија на Кина е син на еден од нејзините основачи. Своите рани 20-ти ги поминал во оддалечено село, како и многу интелектуалци во тоа време. Учел за доблестите на селаните, а едно време живеел и во пештера. Сè до 22 година работел како фармер. Подоцна студирал во Пекинг и изучувал марксизам.1.Барак Обама
Откако дипломирал на „Колумбија”, Американскиот претседател Барак Обама, се преселил во Чикаго во 1983



