Познато е дека поголемиот дел од славните актери не се срамеле да работат било што за да си обезбедат егзистенција. Кога станувало збор за егзистенција, тие не биле пребирливи при бирањето професија со која би се занимавале во младите денови.Далеку од рефлекторите, гламурот и црвениот тепих, ѕвездите работеле сосема обични, здодевни работи.
Бред Пит
Пред да стане филмска ѕвезда, Бред Пит некое време заработувал на тој начин што возел стриптизети. Гостувајќи во една емисија, актерот рекол дека тоа била прилично интересна работа која ја добил благодарение на тоа што имал автомобил.Тој исто така бил задолжен да пушта музика и да ја собира облеката на стриптизетите за да не ја украдат луѓето од публиката. Преку една стриптизета го запознал и својот иден инструктор по глума, Рој Лондон, кој подоцна му помогнал да се пробие во Холивуд.
Џерард Батлер
Ѕвездата на филмот „300“, професионалната кариера ја започнал како адвокат. По дипломирањето на правниот факултет, актерот добил работа во една адвокатска фирма, но за среќа на сите женски обожавателки, наскоро бил отпуштен од работа.
Канје Вест
Додека бил во средно училиште, сопругот на Ким Кардашијан живеел неспоредливо помалку гламурозен живот и во еден момент работел како продавач во продавница.
Џони Деп
Познатиот актер сега има свој приватен остров, но некогаш продавал пенкала и тоа преку телефон.
Мадона
Никој не знае што точно работела Мадона пред да стане ѕвезда, покрај тоа што позирала гола за фотографии и можното манекенство? Таа вели дека продавала крофни во еден синџир продавници.
Џејмс Липтон
Верувале или не, тој бил макро. Во изјава за еден магазин, тој рекол дека „поседувал бордел во Париз во 50-тите години од минатиот век“. Но, се откажал од таа професија со цел да се оствари како актер.
Ештон Кучер
Пред да стане славна ѕвезда, Ештон Качер бил студент по биоинженеринг. Повремено чистел прашина во една фабрика за производство на житарки и донирал крв за да земе екстра пари.
Вупи Голдберг
Познатата актерка и комичарка работела како ѕидарка и службеничка во банка.
Том Круз
Дали сте знаеле дека Том Круз сакал да биде свештеник? Долго пред „Top Gun“ и „Mission Impossible“ Том Круз се пријавил да биде свештеник во манастир. А пред тоа разнесувал весници во Кентаки.
Силвестер Сталоне
Силвестер Сталоне се испробал во филмот за возрасни: „Italian Stallion” кој му донел плата од дури 200 долари. Работел и во зоолошка градина како чистач на кафези на лавовите. Сталоне во еден момент бил толку сиромашен што бил приморан да го продаде сопственото куче. Работел и како обезбедувањње во кино и во продавница за сувомеснати производи.
Повеќе во видеото:
Далеку од рефлекторите, гламурот и црвениот тепих, ѕвездите работеле сосема обични, здодевни работи.
Бред Пит
Пред



