Што сè крие „невидливиот интернет“?

Дали знаевте дека Google, Yahoo и Bing пребаруваат само 10 отсто од интернетот? Останатите 90 отсто се сокриени од очите на просечните корисници, а станува збор за документи, податоци и веб страници кои едноставно не се индексирани.
Во текот на годините, Google, Bing и другите пребарувачи ги убедиле корисниците дека токму преку нив ќе пронајдат било што на интернет. Но, вистината е целосно поинаква.
Роботите на Googleдосега индексирале околу 40 милијарди јавно достапни интернет страници, а се проценува дека јавно се објавени повеќе од 100 милијарди страници. Ако на тоа се додадат повеќе од 11 милијарди страници сокриени од јавноста бидејќи се наменети единствено за одредени корисници  и повеќе од 450 милијарди станици што се резултат од пребарувања на големите бази на податоци, а кои целосно се сокриени од роботите на Google, станува јасно колку мал дел од интернетот Google истражува.
Што е всушност „невидливиот интернет“? Тоа е содржина сокриена од пребарувачот бидејќи не е постојана. Станува збор за динамични веб страници што се создаваат на барање на корисникот и како такви не постојат се додека некој корисник не ги создаде во некоја база на податоци.
Автоматските роботи не се доволно напредни за да можат да ги читаат и пребаруваат тие приватни бази на податоци. Во скриениот интернет има и приватни мрежи чија содржина е заштитена со лозинка.
Кога еднаш ќе тргнете во истражување на тој невидлив дел ќе наидете на различни портали, именици, бази на податоци, а можеби ќе дојдете и до бесплатни книги или филмови.
Во текот на годините се развиени низа пребарувачи специјализирани за одредени теми или бази на податоци.
Прочитајте повеќе на GSM.mk
 Останатите 90 отсто се сокриени од очите на просечните корисници, а станува збор за документи, податоци и веб страници кои едноставно не се и

Пронајдете не на следниве мрежи: