Што се крие зад напуштањето на Стојанче Ангелов на коалицијата на СДСМ?

На денешната прес конференција претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, обелодени дека неговата партија ќе ја напушти коалицијата Сојузот на иднината, а како причина за ваквиот чекор го наведе фактот на дијаметрално спротивни ставови со двоецот Заев-Шеќеринска  и со другите партнери за повеќе актуелни прашања.Стојанче Ангелов години наназад сака да ја изгради својата политичка кариера на картата на патриотизмот, претставувајќи се себе и својата партија како конзервативно-десничарски ориентирана која без разлика на се' ќе го брани патриотизмот и критикувајќи ги политиките на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да присобере некој глас од десноориентираните разочарани гласачи.
Од извори внатре во коалицијата на СДСМ, дознаваме дека лидерот на Достоинство се решил на ваков чекор поради своите амбиции да се кандидира на претстојните претседателски избори и да влезе во трката за нов шеф на државата, што според неговите оценки, СДСМ може негативно да влијае врз ваквите негови амбиции поради непопуларноста на најголемата опозициска партија меѓу граѓаните, велат нашите извори.
Ваквиот чекор на Ангелов доаѓа по последното интервју на Радмила Шеќеринска за грчката верзија на бриселскиот портал Еуроактив, во кој во неколку наврати Шеќеринска го изнесе ставот на опозицијата во врска со спорот со името, префрлувајќи ја вината на македонските позиции и изјавувајќи дека македонската страна е таа што не сака решение на проблемот како и дека доколку тие се најдат на преговарачката маса овој проблем ќе биде набрзо решен.

Истото тоа интервју грчките пратеници го искористија како главен аргумент на Европската комисија во интерес на одбрана на нивниот став дека Македонија е таа што не сака да го реши спорот со името.
По критиките кои следеа на ваквиот став на заменик претседателот на СДСМ од Македонските експерти и јавност, Ангелов свесен дека неможејќи да влијае на промена на политиката во врска со ова прашање внатре во коалицијата, одлучил да ја напушти за да го зачува идентитетот и кодот на својата партија, на своето постоење на политичката карта како личност која се бори за националните интереси и за конзервативно-десничарските убедувања, бидејќи неговото останување во таа коалиција би значело дека молчејќи ги прифаќа тие ставови.
Дополнително, според нашите извори, лидерот на Достоинство оценил дека коалицијата со СДСМ може негативно да влијае во неговите амбиции да се вклучи во трката за шеф на државата на претстојните претседателски избори.Стојанче Ангелов години наназад сака да ја изгради својата политичка кариера на картата на патриотизмот, претставувајќи се себе и својата партија к

Пронајдете не на следниве мрежи: