Што се случуваше вчера во Струга?

Вториот круг на локалните избори на Струга и донесоа нов градоначалник од редовите на ДПА.
Но, вистинското прашање е како е дојдено до оваа победа на ДПА и нејзиниот кандидат за градоначалник на Струга, Зијадин Села.
Според сознанијата на Пулс24, победата на Села е нерелана и не е поткрепена со реални бројки од реални гласачи.
На изборните места во Струга се случуваше вистински хаос. Постоеше вишок на гласачки ливчиња, приметени се бугарски возови, се пројавило несигурност кај населението, се поткупувале гласови и слично.
Буквално, се употребиле сите можни методи на заплашување и на користење сила, за да се злоупотреби процесот на демократко гласање и тоа уште во раните утрински часови.
Функционерите кои што беа испратени во Струга од редовите на владеачката партија, беа во опасност иако ја работеа својата работа за да може изборниот процес да заврши во мирна и демократска атмосфера.
Доказ за тоа беше и нападот на Владимир Пешевски, врз кој беше употребена физичка сила од страна на насилници кои сакале да го истераат од гласачкото место. 
Покрај тоа забележани се неважечки ливчиња, на кои требало да се прогласаат со нови гласови од претставници на ДПА и ДУИ, па со нивните гласови да се прогласат за важечки и на тој начин да се направи фалсификат на изборите.
Според други сознанија на Пулс24, веднаш по пребројаните гласови имало инциденти во струшкото село Враништа за кои пренесе и Ohridpress.
Во струшкото село Враништа доцна синоќа се случил инцидент каде што еден жител на селото бил прободен со нож, а уште четворица од Лабуништа биле претепани од насобраната толпа граѓани.
Во селото веднаш пристигнал кордон од полицајци кој ја смирил тензијата и ја доведол состојбата под контрола. Неофицијално во инцидентот учествувале жители и од околните населени места, Лабуништа, Октиси, Велешта и Погорци кои се собрале на излезот од Враништа.
Инцидентот се случил по завршување на прославата на ДПА во Струга и на истиот најверојатно му претходел и друг инцидент.Вториот круг на локалните избори на Струга и донесоа нов градоначалник од редовите на ДПА.
Но, вистинското прашање е како е дојдено до оваа

Пронајдете не на следниве мрежи: