Што сработија Влатко Васиљ, Бубо Каров, Петрит Сарачини, кои добиваат огромни плати од Владата на СДСМ

Влатко Васиљ, Љупчо Бубо Каров, Петрит Сарачини, Нора Шаќири, Дарко Лешоски… се само дел од луѓе кои до пред половина година се претставуваа како непартиски граѓански активисти и дел од Шарената револуција, а сега се лица вработени на функции во Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.Институциите кои претходно ги уништуваа и ги боеја сега станаа места каде голем дел од нив си се вдомија и добија функции. Владата на СДСМ стана биро за вработување на сите активисти на Шарената револуција.
Вдомија лица кои досега во овие 100 дена не покажаа ниту еден проект, единствена нивна активност која граѓаните ја знаат е само нивните вработувања, јавноста ниту знае што работат, ниту дали досега имаат сработено нешто што може да биде од општа корист за граѓаните.
Се почна уште пред изборите, откако СДСМ на листите за пратеници ги стави Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ, едниот истакнат член на Шарената Револуција, а другата својата кариера ја почна во Студентскиот пленум.
Последен таков пример е вработувањето на братот на Ермира Мехмети и еден од најистакнатите членови на т.н. Шарена револуција, Замир Мехмети. Тој, ниту помалку, ниту повеќе доби директорска фотелја во Телеком.
Тој нема работено ништо што е поврзано со телекомуникациите и менаџирањето, она што е познато за неговата кариера е дека бил активен во неколку невладини организации, најголемиот дел финансирани од Сорос.
Јавноста прашува и колку пари Мехмети ќе зема за ангажманот и што уствари ќе биде неговиот ангажман? Како Мехмети може да придонесе во телекомуникациите, без никакво искуство од тој сектор?
Исто така јавноста се прашува и како Замир Мехмети го прифатил предлогот од Владата, предлог за кој гласале и министрите од ДУИ, за кои во мај оваа година активистот Мехмети кажа дека не би им верувал ниту за благајници во куќен совет да бидат.
-Не знам кој е точниот пазар на Заев со Ахмети ама пола од предлог министрите од ДУИ, не би им верувал ни за благајници на куќен совет да бидат. Толку капитални кадровски компромиси би биле контрапродуктивни кон идејата на новото време. Ова се разбира ако сакате владата да е реформска, ако не супер е и вака, напиша на Фејсбук членот на т.н. „Шарена револуција“ и брат на Ермира Мехмети, Замир Мехмети.
Институциите кои претходно ги уништуваа и ги боеја сега станаа места каде голем дел од нив си се вдомија и добија функции. Владата на СДСМ ста

Пронајдете не на следниве мрежи: