Што значи секој степен од Рихтеровата скала?

Рихтеровата сеизмичка скала определува еден број, од 1 до 10, за да ја квантифицира количината на сеизмичка енергија ослободена при земјотрес. Бројот од скалата се добива како логаритам со основа 10 од хоризонталната амплитуда на најголемото поместување на Вуд-Андерсоновиот торзионен сеизмограф.Поради физичките ограничувања на Вуд-Андерсоновиот сеизмометар кој се користи во пресметката на скалата, силината на земјотресот не може точно да се одреди за потреси поголеми од околу 6,8. Затоа за посилни потреси се користи скала која се заснова на пресметка на сеизмичкиот момент наместо на сеизмичкото движење, па затоа се нарекува Скала на магнитуда на моментот.
Рихтеровата магнитуда на земјотресот се определува од логаритамот на амлитудата на брановите снимени од сеизмографите, при што се користи прилагодување за да се компензира за варијациите во растојанието помеѓу разни сеизмографи и епицентарот на земјотресот.
Поради логаритамската пресметка, секој еден степен на скалата значи десет пати поголемо поместување на земјата. Потреси со магнитуда од 4,6 и повеќе се доволно силни за да се регистрираат од било кој сеизмограф во светот.
Помалку од 2,0 (Микро): Микро-потреси, не се чувствуваат. Околу 8.000 дневно.
2,0-2,9 (Мали): Главно не се чувствуваат, но се регистрираат. Околу 1.000 дневно.
3,0-3,9 (Мали): Се чувствуваат, но не предизвикуваат штети. околу 49.000 годишно
4,0-4,9 (Слаби): Забележливо тресење на предметите, звуци на тресење. Ретки се значајни штети. Околу 6.200 годишно.
5,0-5,9 (Умерени): Можат да предизвикаат поголеми штети на слабо изградени згради и на помали региони. На добро конструирани објекти само мали оштетувања. Околу 800 годишно.
6,0-6,9 (Силни): Може да бидат уништувачки во области до 160 км во дијаметар во населени места. Околу 120 годишно.
7,0-7,9 (Големи): Можат да предизвикаат сериозни штети на големи пространства. Околу 18 годишно.
8,0-8,9 (Огромни): Можат да предизвикаат сериозни штети на стотици километри во дијаметар. Еден годишно.
9,0-9,9 (Огромни): Разурнувачки во области на неколку илјади километри. Еден во 20 години.
10,0+ (Епски): Никогаш не се забележани.Поради физичките ограничувања на Вуд-Андерсоновиот сеизмометар кој се користи во пресметката на скалата, силината на земјотресот не може точно да с

Пронајдете не на следниве мрежи: