Стоиљковиќ: Изјавата на Заев е сериозен обид за нарушување на односите меѓу Србија и Македонија

Оваа изјава ја проценувам како еден сериозен обид за нарушување на односите меѓу Србија и Македонија, рече во гостувањето во вестите на ТВ Нова претседателот на ДПС Иван Стоиљковиќ.„Реакцијата на српскиот државен врв е сериозна. Она што треба македонската јавност да го знае, тоа е дека од страна на српската држава се јави понискиот ешалон од владата на Србија, со една блага изјава. Меѓутоа кога ја сфатија пораката на Зоран Заев се јави министерот за надворешни работи“, вели Стоиљковиќ.
Додаде дека кога ќе се јави министер за надворешни работи и кога ќе даде една ваква изјава како што вчера даде господинот Ивица Дачиќ, тоа е негде во рангот на демарш.
„Српската држава мораше да реагира, зашто речникот на српската држава во последно време упадливо се труди кон македонската држава да праќа пораки на сериозна воздржаност во однос на нејзините внатрешни проблеми“, објаснува Стоиљковиќ.
„Од тој аспект, јас оваа изјава ја проценувам како, не промашена изјава, туку како еден сериозен обид за нарушување на односите меѓу Србија и Македонија и за нарушување на српско-македонските односи од микро па до највисоко ниво“, додаде претседателот на ДПС.„Реакцијата на српскиот државен врв е сериозна. Она што треба македонската јавност да го знае, тоа е дека од страна на српската држава се јав

Пронајдете не на следниве мрежи: