сабота, 21 ноември 2026
Најново

Стоилковиќ: Кога демократијата е болна, најдобриот и најсигурниот лек се изборите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, преку својот Фејсбук профил го соопшти ставот на партијата пред изборите кои ќе се одржат на 5-ти јуни.-Демократската партија на Србите во Македонија не наседна на играта на непомирливи политички и историски полови која попрво ќе нѐ одведеше во судир кој би можел да доведе до наш историски крај, и не само наш, но исто така и не допушти да биде ситен кусур во трговијата на големите. И слободно можеме да кажаме дека тука е скриена сета вистина на нашите активности и залагања во изминатите две години, во време кога Македонија беше соочена со најголемата криза од своето постоење. 
За посебно одбележување е фактот дека по прв пат во модерната историја на српскиот народ во Македонија, ние Србите не бевме, а ниту пак дозволивме да бидеме дел од кризата по ниту еден основ. Нашата определба секогаш беше да видеме дел од решението на проблемот, а не проблем. Што се однесува до изборите, тука барем за нас работите се сосема јасни. Кога човек е болен, најдобро за него е да биде подложен на лекарска терапија за да може побрзо да оздрави. Така е и во политиката, кога демократијата е болна, најдобриот и најсигурниот лек се изборите, колку и чести тие да бидат. Тоа е единствениот исправен пат за секоја држава и народ, па и за нас. Затоа, се гледаме во изборната трка и нека на 5. јуни победи најдобриот, напиша тој.-Демократската партија на Србите во Македонија не наседна на играта на непомирливи политички и историски полови која попрво ќе нѐ одведеше во судир

Поврзани вести