Штојбер: Македонија презеде врз себе една голема европска задача и успеа во тоа

Во рамки на посетата на партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ на покраината Баварија денеска претседателот на партијата, Никола Груевски и членовите на партискиот Извршен комитет се сретнаа со поранешниот премиер на Баварија, Едмунд Штојбер.На средбата со Штојбер, кој е поранешен претседател на ЦСУ, една од централните теми за разговор била бегалската криза во која што според домаќинот Македонија презела важна европска задача.
– Во последната година со затворањето на границата Македонија презеде врз себе една голема европска задача. Тоа беше нотирано од страна на многу други држави од Европа, меѓу кои Франција и Германија. Македонија успеа во она што многу други држави не успеаја, затоа сметам дека преговорите за влез треба продолжат понатаму и да се најде решение, рече Штојбер.
Екс лидерот на ЦСУ смета дека на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат во Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе постигне голем успех.
– Се надевам дека изборите на 11 декември во Скопје нашата сестринска партија предводена од Груевски ќе оствари победа, додаде тој.
Од 2007 година Едмунд Штојбер е почесен претседател на ЦСУ која што функционира само во најбогатата германска покраина Баварија и која е сестринска партија на ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел со која ја дели власта на ниво на Сојузна Република Германија.
Пред два месеци делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Никола Груевски оствари посета на Берлин каде што се сретна со триесетина претставници на германскиот политички и бизнис естаблишмент.На средбата со Штојбер, кој е поранешен претседател на ЦСУ, една од централните теми за разговор била бегалската криза во која што според домаќинот

Пронајдете не на следниве мрежи: