Странските инвеститори и во услови на криза инвестираат во Македонија!

Loading...

Народна банка на Македонија во последниот извештај нотира дека ризиците по светската економија се зајакнати заради случувањата во Украина. Нестабилноста во земјата ќе влијаат на цените на енергенсите и на храната, пред се на житните производи.За состојбата во земјава, НБРМ оценува дека растот ќе продолжи, најверојатно со интензитет како и во третиот квартал од 2013 година. Оптимизмот се должи на поволните движења кај клучните економски сектори, градежниот и индустрискиот сектор.
Имено, индустријата во јануари забележа раст од 6,4% споредено со истиот период лани. Паралелно со ова, се зголемил и бројот на работниците во индустријата и тоа за 6,5. Во период од осум години, бројката на работниците во индустријата се зголемила за 27.000 што за надлежните се одлични показатели.

Странските инвеститори и во услови на криза, инвестираат во Македонија.
Во дневникот на Сител гостуваше вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, а разговорот со него можете да го погледнете во продолжение.

Извор:kurir.mkЗа состојбата во земјава, НБРМ оценува дека растот ќе продолжи, најверојатно со интензитет како и во третиот квартал од 2013 година. Оптимизмот се

loading...
Loading...