Страшна исповед на „девојчето со цвеќе“ на Хитлер: Нацистите се расправаа кој да оди со мене во кревет!

Жена од мал американски град разоткрива дел од својата мрачна историја од времето на нацистичка Германија.За девојчињата од нацистичка Германија најголема чест била да добијат задача на фирерот да му предадат цвеќе. Каде и да се појавел Хитлер, секогаш таму го чекала совршена мала ариевка со руса коса и сини очи, која му предавала букет цвеќе. По можност од неговите омилени каранфили.
Ханелор Олберц имала само шест години кога и било речено дека во Хановер доаѓа Хитлер и дека нејзе и припаднала честа да му даде букет.
86-годишната Олберц денес живее во Мисури и прв пат проговорила за средбата со најозлогласениот човек во историјата.
„Кога имав шест години, претставував идеално девојче во очите на Хитлер. Беше 1935 година и тогаш никој не знаеше во што ќе се претвори тој. Некои можат да речат дека во 1935 беше безначаен, но воопшто не беше глупав. Мојот учител ме избра заедно со уште четири девојчиња од други одделенија за да се запознаеме со Хитлер т.е. за да бидеме неговите „девојчиња со цвеќе“. Јас бев избрана поради изгледот“, раскажува Олберц за „Дејли мејл“.
Морала да стои во редица на улица со други девојчиња и да го чека Хитлер.
„Кога сте толку мали, 30 минути ви се чинат како вечност и оној момент кога дојде Хитлер јас морав да одам во тоалет. Се испаничив и се присетив дека мајка ми зборуваше да ги прекрстам нозете доколку ми се случи такво нешто. Бев очајна, па тоа и го направив“.
Хитлер се наоѓал во средниот од трите автомобили и кога излегол од возилото не се насмевнал.

„Беше во темно жолта униформа. Изгледаше уредно и убаво и тргна кон нас со некоја жена која носеше корпа. Прво пријде до девојчето кое ги имаше неговите омилени каранфили. Ја погали по глава и го зеде цвеќето. Потоа пријде до второто девојче и го направи истото. Изгледаше како да им дава благослов, иако тоа беше без никакви емоции, без ниту една насмевка. Кога дојде до мене, ме погледна, но не ми ја допре главата. Отиде без поздрав, а јас не знаев што значи тоа“.
Олберц мислела дека направила нешто погрешно, посебно откако ја фотографирал еден од луѓето на Хитлер. Но одлучила да не размислува за тоа.
Нејзините родители никогаш не се приклучиле на нацистичката партија, но биле богати. Домот често им бил полн со нацистички офицери.
Во текот на војната, во 1944 година, на гости им дошло високо воено лице. Тој одлучил дека и девојчињата треба нешто да направат за да му помогнат на Хитлер, па и наредил на 14-годишна возраст да го напушти домот и да почне да готви за идните млади нацисти.

 
„Хитлер имаше имот во Аугзбург, каде тинејџерските трупи слушаа предавања. Овде морав да учам да готвам, а тие момчиња мораа да ја јадат нашата храна. Пет девојчиња готвевме за момчињата кои беа на возраст помеѓу 16 и 18 години“.
Една од работите од која најмногу се плашела додека била таму била средбата со Курт Валдхајм, кој почина во 2007 година. Неговите воени записи предизвикаа многу контроверзии во текот на неговата претседателска кандидатура во Австрија.

Валдхајм после војната станува дипломат и политичар, тврдејќи дека во 1942 година бил обичен воен офицер, а дека остатокот од годините на војната ги поминал студирајќи право.
Но, откриено е дека бил член на нацистичката партија од 1938 година, оти се придружил на Хитлеровите паравоени следбеници и дека бил офицер во Југославија и Грција.
Умре тврдејќи дека не знае за никакви нацистички злосторства против човештвото, но сведочењето на Олберц го става во срцето на акцијата. Всушност, девојчето набргу по доаѓањето во Аугзбург, на 14 години, било присутно на свеченоста за високите офицери.
Таму ништо не и се допаднало, од музиката до храната. Но она што и било најнепријатно е моментот кога Валдхајм и дал до знаење што сака, иако неодамна се оженил.
Додека танцувала, Курт ја покажал на еден офицер и рекол дека тој ќе ја помине ноќта со неа, на што другиот офицер одговорил дека нема, затоа што тој ја сака во својот кревет. Двајцата се скарале и почнале да се расправаат кој прв ја забележал.
Олберц се уплашила и почнала да плаче. Сакала да побегне. Меѓутоа, тоа било невозможно. За среќа, одеднаш се слушнала тревога, по што сите војници ја напуштиле салата.
„Мислам дека ме чуваше мојот ангел“, раскажува таа денес, која по една година се вратила кај своите родители.
За време на еден одмор во САД го запознава својот иден сопруг, за кого се омажила во 1954 година, по што се преселува во САД, каде родила три деца и каде живее и денес, пишува „Дејли мејл“.
 За девојчињата од нацистичка Германија најголема чест била да добијат задача на фирерот да му предадат цвеќе. Каде и да се појавел Хитлер, секогаш

Пронајдете не на следниве мрежи: