Страшно предупредување: За 600 години на земјава ќе биде пекол

Тој на самитот “Tencet WE” во Пекинг преку видео-повик предупредил дека преголемото користење на енергија ќе ни се одбие од глава во блиска иднина.Стивен Хокинг, еден од најпознатите физичари и најголеми умови на денешницата, предвидува дека на Земјата во 2617. година ќе биде вистински пекол. 
Како што вели, човекот ќе биде виновен за крајот на животот на Земјата, што ќе се случи така што Планетата ќе стане една голема “вжештена топка”. 
Како што вели, за да се спасиме, човекот мора да “оди таму каде никој никогаш не бил”, алудирајќи на милионското истражување и инженерскиот програм “Breakthrough Starshot” најавен во 2016. година, а во кое вклучен и сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберт.
“Идејата која стои зад оваа иновација е нанокрафтовите, роботски сонди тешки само неколку грама, да возат на светлосни зраци. Таквиот систем би можел да дојде до Марс за помалку од еден час, до Плутон за неколку дена, а до ѕвездата Алфа Кентаур за нешто повеќе од 20 години”, рекол Хокинг, зборувајќи за меѓуѕвездената програма за патување и истражување на планетите кои орбитираат околу непознати ѕвезди. 
Хокинг исто така зборувал и за блиската технолошка иднина, велејќи дека ефикасната вештачка интелигенција би можела да биде најголем настан во историјата на нашата цивилизација, но воедно и најлош.Стивен Хокинг, еден од најпознатите физичари и најголеми умови на денешницата, предвидува дека на Земјата во 2617. година ќе биде вистински пекол.&

Пронајдете не на следниве мрежи: