Студентите ги развеаја боите на ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, даваат поддршка на иницијативата за унитарна држава

Студентите го прифатија повикот на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА и со поставување на македонски знамиња на балконите и прозорците од студентските домови ја поддржаа граѓанската иницијатива која се залага за зачувување на унитарноста и сувереноста на државата.Голем број на македонски знамиња утрово можат да се забележат на балконите од студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу” во центарот на Скопје. Ваквиот чекор доаѓа откако синоќа граѓанската инциијатива повика да се истаканат македонски знамиња како симболичен гест за унитарна граѓанска Заедничка Македонија!
Црвено жолтата линија за зачувување на државата сме сите ние, и кога сме заедно, сме непобедливи. Црвено жолтата линија на унитарна Заедничка Македонија е секој еден од нас. И во поддршка на боите на Македонија, ве повикуваме сите да истакнете македонско знаме на вашите прозори и балкони, или пак било што друго кое ќе ја означи вашата црвено жолта линија со која исцртувате: Да за унитарна граѓанска Заедничка Македонија! Нека знаат вашите комшии, нека знаат сите дека вие сте за земја на почит, толеранција, разум и напредок, а не за политички инструирани бесмислени поделби, уцени и дискриминација. Развејте ги боите на Заедничка Македонија!, порачаа од иницијативата.Голем број на македонски знамиња утрово можат да се забележат на балконите од студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу” во центарот на

Пронајдете не на следниве мрежи: