СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ ДОБИВААТ НОВ ЛИК: Од есен европско сместување за студентите во „Гоце Делчев“

Во блокот „Б“ монтирани се нови лифтови, а собите за студентите наликуваат на мал хотелски апартман. Нови кревети, прозорци, работна масичка, мини-фриждер и кујна, нови радијатори. Сѐ мириса на ново, пишува Телеграф.мкСледната академска година студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе имаат услови за престој какви што имаат нивните колеги од најразвиените земји од ЕУ.
Реконструкцијата на овој дом, која е прва по неколку децении, се одвива забрзано. Насекаде се слушаат мајстори, прашина на сите страни, се разнесува материјал. Екипата на Телеграф.мк провери како напредуваат работите и се увери дека овој дом ќе биде еден од најубавите.
Работата на мајсторите им е олеснета бидејќи повеќето од студентите се заминати дома, па може слободно да работат во целиот објект.
Во моментов се работи на реконструкција на блокот „А“ и таму буквално сѐ се реновира од корен, почнувајќи од влезот. Нов под, водоводна и електрична инсталација, прозорци, тоалети… Надлежните од домот се надеваат дека наесен поголемиот дел од работите ќе бидат завршени, а студентите постепено ќе бидат префрлани во блокот „Б“, кој веќе е реновиран.
-Кога влеговме во блокот „Б“ веднаш се забележува дека многу работи се направени. Монтирани се нови лифтови, а собите за студентите наликуваат на мал хотелски апартман. Нови кревети, прозорци, работна масичка, мини-фриждер и кујна, нови радијатори. Сѐ мириса на ново, дури и најлоните сѐ уште не се извадени, пишува Телеграф.
Сите соби се покриени со безжичен интернет, а во ходниците има монтирано и видеосистем за набљудување за да се спречат сите оштетувања што ги прават несовесните станари во домот.
Реновирана е и читалната каде што студентите на мир можат да ги подготвуваат испитите, а на располагање им се компјутери и печатач. Нови книги на македонски и на албански јазик се набавени и за библиотеката.
Блоковите „В“ и „Г“, кои се следни за реновирање, се затворени и таму нема да се примаат студенти. Целата реконструкција на овој Студентски дом, во кој секој блок е со капацитет од по 304 легла, е планирано да заврши до следната година. Паралелно се работи на реновирање и на останатите домови, додека Медицинар ќе се гради од почеток и нема да се реконструира бидејќи е во многу лоша состојба.
Повеќе фотографии погледнете на: Телеграф.мкСледната академска година студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе имаат услови за престој какви што имаат нивните колеги од нај

Пронајдете не на следниве мрежи: