Суарез останува во Ливерпул поради навивачите на овој клуб

Уругваецот пресече, останува во Ливерпул, а како причина ги наведува едни од најдобрите навивачи во целиот свет.Луис Суарез се чини дека ја разлеши големата дилема и прашина што се крена во однос на трансфер-вестите ова лето.
Тој за уругвајските медиуми во Токио, каде неговата репрезентација ќе се судри со селекцијата на Јапонија на пријателски натпревар, изјави дека поддршката од страна на навивачите во последните неколку недели влијаела на него да тој се одлучи на ваков чекор.
„За сега, ќе останам овде најмногу поради луѓето кои ми ја дадоа огромната поддршка“ изјави Суарез.
Од друга страна, уругвајски спортски новинар од „Обсервер“, на својот „Твитер“ профил ја извести јавноста дека Суарез сепак ќе ја продолжи верноста со тимот на Ливерпул.
„Потврдив дека Суарез нема да го напушти Ливерпул, поддршката од навивачите во последните неколку недели влијаеше на таа одлука“ напиша уругвајскиот спортски новинар.Луис Суарез се чини дека ја разлеши големата дилема и прашина што се крена во однос на трансфер-вестите ова лето.

Пронајдете не на следниве мрежи: