Субвенции за селските домаќинства, националните ресторани и настаните за привлекување туристи

Субвенционирање на селски домаќинства за туристички цели, национални ресторани „Меани“ и настани кои носат дополнителен број посетители, се во фокусот на Министерството за економија за развој на Југозападниот плански регион, кој нуди огромни природни, културни и традиционални можности за развој на туризмот.Ова го истакна државниот секретар во Министерство за економија Анета Димовска на денешниот состанок на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, што се одржа денеска во Струга, а на кој беше формирана Мрежа за инклузивен регионален развој.
Според владината програма за поддршка и развој на туризмот за 2017 година, Министерството за економија, како што информира, првпат предвидува субвенционирање на селски домаќинства за туристички цели.
– Со 60 отсто од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по домаќинство ќе се субвенционираат трошоците за адаптација и уредување на селските куќи кои би ги издавале за туристички цели. Продолжува субвенционирањето на национални ресторани „Меани“ како за ново отворени, така и за постоечките, кои имаат потреба од реновирање и доуредување со 60 проценти од трошоците, но не повеќе од 120.000 денари со цел да се брендира како национален ресторан и да добие ознака национално „грне“, појасни Димовска.
Посочи дека Програмата предвидува и субвенционирање трошоци за различни настани во областа на туризмот кои носат дополнителен број посетители во овие средини,
Министерството за економија, нагласи, во континуитет ги следи потребите и презема мерки и активности за развој на туризмот кои даваат резултати.
– Бројките говорат дека досегашните политики за развој на туризмот даваат резултати, истакна Димовска, правејќи споредба за периодот 2006/2015 кога имаше повеќе од двојно зголемување на бојот на туристи во Македонија.
Во 2006 година имало околу 200.000 туристи, додека во 2015 година речиси 490.000, а трендот на пораст, според неа, продолжува и годинава кога во првите девет месеци е забележан пораст за четири отсто.
Целта на мрежата за инклузивен регионален развој, како што истакна Биљана Цветановска Гуговска, државен секретар во Министерство за локална самоуправа, е да се воспостави форум за размена на концепти за развој на целиот регион. Потенцира дека преку дебати во наредниот период ќе бидат подготвени програми за работа со конкретен акциски план.
– Мрежите кои ги воспоставивме во другите региони функционираат добро. Во Битола беше организирана средба со стопанственици од Турција кои се заинтересирани со македонските партнери да остварат дополнителна соработка надвор од вообичаените. Мрежата ја гледаме како уште една можност за активирање на сите ресурси, потенцијали, чинители и можност за дополнително обезбедувaње средства преку ИПА програмите на Европската унија, програмите на донаторите и министерствата, истакна Цветановска Гуговска.
Фокусот на мрежата во Југозападниот плански регион, нагласи, ќе биде туризмот и дополнително инвестирање во него како основна дејност на регионот.
– Ќе го промовираме и регистарот за потенцијали за развој на руралниот туризам, кој ќе претставува основа која понатаму другите национални институции како Министерството за економија ќе може да ја користат при планирањето на нивните развојни активности, а пред се и Центарот за развој на Југозападниот плански регион, рече Цветановска Гуговска.
Во мрежата е вклучен јавниот, приватниот и невладиниот сектор, кои како релевантни чинители ќе помогнат за економско возобновување и развој на руралните подрачја во Југозападниот плански регион.
Директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска информира дека на денешниот состанок ќе биде донесен деловникот за работа и избрани структурите на Мрежата, а потоа ќе работат и на подготовка на програмата за следните активности.Ова го истакна државниот секретар во Министерство за економија Анета Димовска на денешниот состанок на Центарот за развој на Југозападниот плански

Пронајдете не на следниве мрежи: