Судот одлучи: Фановите ќе добијат по едно евро поради смртта на Мајкл Џексон

Пет обожаватели на Мајкл Џексон добиле симболична оштета од едно евро, затоа што им е признаено дека претрпеле „емоционална болка“ заради смртта на американската поп ѕвезда. Судот во Орлеан, во централна Франција, одлучил денес по тужбата која е против докторот на Џексон, Конрад Марија, кој 2011 година е прогласен за виновен за смртта на пејачот. Тужбата ја поднела група од 34 фанови, барајќи отштета за претрпеното патење.
Судот пресудил во корист на пет од нив – двајца француски, двајца швајцарски и еден белгиски државјани, кои успеале да докажат дека доживеале емоционална болка по Џексоновата смрт.

„Колку што јас знам, ова е прв пат во светот да е признаена емоционална штета настаната поради некоја популарна ѕвезда“– рекол за АФП нивниот адвокат, фалејќи ги своите клиенти што „истрајале“ во своето барање и покрај исмевањата.
Тој навел дека своето страдање го докажале со помош на изјавите на сведоците и медицинските наоди. Судот во Орлеан, во централна Франција, одлучил денес по тужбата која е против докторот на Џексон, Конрад Марија, кој 2011 година е прогласен за ви

Пронајдете не на следниве мрежи: