Супервулкан во Италија може да ја уништи Европа!

Вулкан во близина на Неапол може да доведе до ерупција со глобални катастрофални последици, споредливо со удар на метеор, во кој ке настрадаат милиони луѓе, предупредуваат научниците.Супервулканот кој се наоѓа во близина на Неапол може да убие милиони луѓе во катастрофа која е многу поголема од онаа што му се случила на римскиот град Помпеја, предупредуваат научниците.
Вжештената лава и сулфурната пареа кои излегуваат од земјината површина во областа западно од Неапол, позната како Campi Flegrei или Philegraean Fileds претставува популарна туристичка дестинација.
Но, таа сеизмички активна зона, која дневните жители ја сметаа за пекол, претставува опасност од глобални размери, бидејки милиони жители живеат над кратерот на големиот вулкан.
Супервулканот може да исфрли 200 кубни километри магма и над 500 кубни километри пепел. Секаков живот на растојание над 100 километри може да биде буквално уништен од огнениот бран. Ветровите ја насочуваат пепелта, го покриваат сонцето кон Централна и Источна Европа, каде поголем дел од живите суштества исто така загинуваат.
Глобално настапува кратко ледено доба. Траги од ерупцијата се најде во вечниот мраз на Гренланд.
Во антиката, овој вулкан го нарекувале – „Врата кон пеколот', но во последните четири децении активноста на сеизмичките процеси расте. Од 1970 година највисоката точка во месноста – Монте Нуово, се зголеми за 2 метри.Супервулканот кој се наоѓа во близина на Неапол може да убие милиони луѓе во катастрофа која е многу поголема од онаа што му се случила на римскиот

Пронајдете не на следниве мрежи: