Сурово: Завореници го копаат својот гроб а потоа ги убиваат со чекан

„Амнести интернешнал“ објави нови сателитски снимки од затворенички логори во Северна Кореја и сведочења на поранешни затвореници за злоставувањата и погубувањата во нив, Северна Кореја пак ги нерира овие тврдења.Снимките од логорот број 15 и 16 се направени од 2011 до 2013 година, а се проценува дека таму во исклучително тешки услови ѓивеат околу 100 до 200 илјади лица.
Снимките од логорот број 16 кој се протега на околу 560 метри квадратни, а има 20 илјади затвореници покажуваат „постоење на нови згради, што упатува на мал пораст на бројот на затворениците“, наведуваат од Амнести.
Снимките покажуваат и дека таму се извршува и мала стопанска дејност, поврзана со рударство, сеча на шуми и обработка на земјиште.
Амнести во својот извештај детално ги опишува злоставувањата кои логорашите ги трпеле, пренесувајќи сведоштва на поранешни затвореници и чувари.

„Ли“, бегалец од Северна Кореја кој од 1980 до 1990 година бил задолжен за безбедноста на логорот број 16, тврди дека затворениците морале да си го ископаат сопствениот гроб, а потоа биле убивани со удар од чекан во тилот.
Некои биле претепувани до смрт. Како што наведува сведокот, жените едноставно исчезнувале по силувањата.
Комисијата на ОН која го истражува прекршувањето на човековите права во оваа земја, ќе го предаде својот конечен извештај на Советот за човекови права во март 2014 година, Ова е прв пат некое од телата на ОН да поведе истрага за Северна Кореја на вакво ниво.
Севернокорејските власти не ја признаваат оваа комисија и не им дозволуваат на влезат на нивна територија. Сведоците кои биле сослушувани тие ги нарекуваат лажговци.
Извор: denesen.mkСнимките од логорот број 15 и 16 се направени од 2011 до 2013 година, а се проценува дека таму во исклучително тешки услови ѓивеат околу 100 до 200

Пронајдете не на следниве мрежи: