Сузана Турунџиева напиша книга за покојниот сопруг: „Не вели збогум љубов моја“

Loading...

Постојано ми велеше дека животот е долг, дека има време… Животот бил пред нас, и да не се грижам за ништо кога те имам тебе… Велеше: Ќе имаме многу време злато мое и за да пропатуваме и за да ги посетиме сите земји кои ти се омилени, пишува Сузана Турунџиева за својот починат сопруг.– Јас жестоко ти се спротивставував и се обидував да те опоменам, да те потсетам дека не е така и дека животот е безобразно краток, суров и непредвидлив… Не успеав… Не успеав да ја променам судбината, да ти помогнам, да ја спасам нашата љубов, да го премости и тој кобен 28ми јули, кога без збогум и предупредување ми заспа засекогаш… А што сѐ не сме претргале заедно…
Милион бури и невремиња… Затоа решив да пишувам сонце мое… пишував за нас, за тебе… Ред солзи, ред букви… Напишав лектира за љубовта, ВИСТИНСКАТА… Да им помогне да научат да љубат на сите кои не љубеле и не биле љубени бар еднаш во животот! Ти благодарам што ме научи што е љубов, и што беше најдобриот дел од мојот живот… И засекогаш ќе бидеш! До нашата следна средба, НЕ ВЕЛИ ЗБОГУМ љубов моја, напиша Сузана Турунџиева во посветата на книгата.
– Јас жестоко ти се спротивставував и се обидував да те опоменам, да те потсетам дека не е така и дека животот е безобразно краток, суров и н

loading...