Швајцарија и Македонија: 25 години на соработка и поддршка

Скопје, Швајцарија ја подржува политичката, социјалната и економската транзиција на Македонија од 1992 година. Оваа долгорочна соработка доаѓа од швајцарската традиција на солидарност и одговорност и го одразува значењето кое Швајцарија го придава на стабилноста и развојот на Македонија и регионот. Швајцарија е одлучна да ги продлабочи односите со Македонија преку унапредување на дипломатските и развојните активности во државата.
 Денес Швајцарија е еден од најголемите билатерални партнери на Македонија и со новата Швајцарска стратегија за соработка 2017 – 2020 се предвидени финансиски обврски во висина од 76 милиони швајцарски франци. Општата цел на новата стратегија е да ја подржи Македонија во нејзините реформи да ги постигне Европските стандарди и вредности и да продолжи со социјално инклузивната демократија и пазарна економија, воедно обезбедувајќи ефикасно управување со природните ресурси. Стратегијата следи еден практичен пристап кој се фокусира на подобрување на условите за живот на граѓаните на Република Македонија. Деталите од стратегијата ќе бидат откриени на нејзиното официјалното претставување на 31ви мај 2017 во Скопје.
Денес Швајцарија е еден од најголемите билатерални партнери на Македонија и со новата Швајцарска стратегија за соработка 2017 – 2020 се предв

Пронајдете не на следниве мрежи: