петок, 27 ноември 2026
Најново

Свечена академија по повод 55 години РСБСП

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Заложбите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секогаш биле и ќе останат во насока на издигнување на безбедноста на патниот сообраќај, како највисок општествен приоритет и употреба на целокупниот институционален и општествен потенцијал  за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди во Република Македонија.Тоа го соопшти денеска РСБСП, која во рамки на одбележување на јубилејот 55 години постоење и активно дејствување  синоќа одржа свечена академија во Македонскиот народен театар во Скопје.
На настанот присуствуваа голем број на афирмирани лица, експерти, професионалци  и многу други  кои изминатите 55 години беа дел од работата на РСБСП и  дадоа свој личен придонес и белег во унапредување на сообраќајна култура и подигнување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.
Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски во обраќањето  ја потенцира убеденоста и силната верба во тоа што Советот го работи и нагласи дека и во иднина со уште поинтензивно ќе се работи за поставената цел за безбедно патување и сообраќај без жртви.
Како што наведе државниот секретар во Министертвото за внатрешни работи Сања Димитриевска, Министерството за внатрешни работи во своето работење става подеднакво акцент, како на превентивната компонента, и сообраќајно – превентивното дејствување, така и на присилата, односно санкционирањето на учесниците коишто не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Но, потенцира, колку и да настојува  Министерство за внатрешни работи,  не можеме да биде на секој дел и во секое време од сообраќајната мрежа во Македонија, и токму поради тоа суштински важна е улогата на РСБСП   во градење ефикасен систем за справување со сообраќајните незгоди и жртвите од сообраќајни незгоди преку едукација и подигање на свеста и одговорноста  на учесниците во сообраќајот, наведе Димитриевска.
Во знак на добра соработка, силна поддршка и делење заедничка визија за побезбеден сообраќај плакети добија: АМСМ, МВР, Црвен Крст и Д-р Никола Ангелески, поранешен претседател на РСБСП.
По повод јубилејот РСБСП од претседателот Ѓорге Иванов доби високо општествено признание „Повелба на Република Македонија“. Доделувањето на оваа високо општествено признание е заслуга за сиот минат труд, за сите успешно организирани кампањи, конференции, настани и манифестации во изминатите години.Тоа го соопшти денеска РСБСП, која во рамки на одбележување на јубилејот 55 години постоење и активно дејствување  синоќа одржа свечена академ

Поврзани вести