Свечената заклетва на тројца избрани судии

Денеска, на ден 29.02.2016 година, во 11 часот пред претседателот и членовите на Судскиот совет, согласно член 50 од Законот за судовите беше дадена свечена изјава од избраните претседатели на следните судови:- Апелационен суд Битола – претседател ЕЛИЗАБЕТА МАНЕЛИ ТАШЕВСКА
– Основен суд Кочани – претседател ДАРКО РИСТОВ
– Основен суд Охрид – претседател МИЛЧО КЛИШЕВСКИ
По тој повод, претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски, најнапред нагласи дека согласно надлежноста Судскиот совет на Република Македонија објави оглас за избор на претседатели на Апелационен суд Битола, Основен суд Охрид и Основен суд Кочани, кои огласи беа објавени во Службен весник на РМ бр.178/15 од 15.10.2015 година и бр.7/16 од 18.01.2016 година.
Потоа истакна дека, согласно процедурите, од страна на Советот беше спроведено психолошко тестирање за проверка на социјалните способности и тест за интегритет за проверка на етичките и моралните вредности на кандидадите, изврши интервју со секој кандидат и ги разгледа доставените Програми на кандидатите за нивната работа.
Исто така, ги запозна дека согласно Деловникот за работа на Судскиот совет на Република Македонија, Советот од својот состав формира Комисија која врши проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документите на пријавените кандидати по огласот, по што подготви кандидатска листа на кандидати.
На седницата одржана на ден 23.02.2016 година, Судскиот совет согласно Законот за Судскиот совет на РМ, Законот за судовите и
Деловникот за работа на Судскиот совет, изврши избор на претседатели на судови. Во таа смисла, избрани се кандидатите кои во последните две години се оценети со највисока позитивна оценка и во однос на другите кандидати имаат добиено најголем број на бодови, а имајќи ги предвид и позитивните резултати постигнати на спроведениот психолошки тест и тест за интегритет и спроведеното интервју, како и предложената Програма за работа.
Откако заврши давањето на свечената изјава претседателот на Судскиот совет на РМ, Бранко Ушковски од свое лично име и од името на  Членовите на советот, им го честиташе изборот, со надеж дека избраните претседатели на АС Битола, ОС Кочани и ОС Охрид ќе ја оправдаат довербата која им е укажана.
Воедно, искористи прилика во своето обраќање да изрази особена благодарност до судијата Љиљана Чочковска за успешно извршената функција како досегашен ВД претседател на Апелациониот суд Битола.- Апелационен суд Битола – претседател ЕЛИЗАБЕТА МАНЕЛИ ТАШЕВСКА
– Основен суд Кочани – претседател ДАРКО РИСТОВ
– Основен су

Пронајдете не на следниве мрежи: