Свечено доделени дипломите за младите лидери од 30 различни земји, кои земаа учество на летната школа „Институт за подготовка на глобални лидери“

Свечено се доделија дипломите за младите лидери од 30 различни земји, кои земаа директно учество на летната школа “Институт за подготовка на глобални лидери”. На церемонијата, основачот на Институтот професор Сем Потоликио, како и извршниот директор на Здружението Трет Милениум, Ангела Велкова им посакаа успешно завршена школа во Македонија.„Целта на институтот е на непосреден, стимулативен начин преку предавања на светски експерти во областа на лидерството, дипломатијата, политичката комуникологија, да се промени моделот на современото лидерство на глобалната сцена, нешто што е од суштинска важност за сите инволвирани. Чест ни беше за прв пат во Македонија да ги повикаме и имаме д-р Клајд Вилкокс, кој има повеќе-децениско искуство како обучувач на дипломати на Стејт департментот и истотака профсор на Џорџтаун Универзитетот, и д-р. Џудит Вилкокс, која е првата жена професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот Харвард која припаѓа на црната раса. Воедно, да напоменам дека на наше големо задоволство, гостински предавања одржаа амбасадори и значајни фигури од бизнис секторот, кои им дадоа реална слика на делегатите за тоа како функционираат нештата, и на што тие ќе треба да работаат со цел да се подигне колективната свест и да се подобрат деловните практики“ – изјави Емилија Попоска, директор на алумни, Институтот.
Делегатите кои беа дел од програмата се со различна образовна и кариерна позадина, и истите доаѓаат од над 85 држави сите имаат едно мото а тоа е да веруваат дека преку локално и глобално дејствување може многу да се придонесе.

„Искрено, нашите учесници сакаме од Македонија да заминат мотивирани и подготвени да го искористат знаењето и капацитетот кои ги поседуваат. Секоја година, секоја генерација која завршува, го изразува своето задоволство за искуството со кое се стекнале и луѓето кои ги запознале. Ништо не може да биде поголема награда и мотивација од тоа да се чие: „Ова искуство ми го промена животот“, „Вие сте моето глобално семејство“, и ништо не може да не направи повеќе среќни од нашето сведоштво на тие пријателства кои се негуваат, повторните средби на делегатите низ светот и меѓусебната поддршка која си ја пружаат пред се во професионална смисла, а понатаму и на персонална основа“ додава Попоска.
Професорите на школата ги учат делегатите дека лидерството претставува тимска работа со иста визија за подобро утре. Попоска вели дека како тим веруваат дека успехот кој го постигнуваат секоја година, меѓу-другото, се должи и на нивната соработката со македонските дипломатски претставништва во странство, чија професионалност и навремено дејствување овозможи секој од делегатите да може да дојде во земјава, како и на Американската амбасада во Скопје која традиционално е дел од програмата со свои дипломати-предавачи, а годинава, на наше огромно задовослтво, е и официјален поддржувач на Институтот. Целиот настан е организиран од страна на Здружението на граѓани за глобални развојни иницијативи “ТРЕТ МИЛЕНИУМ”. Поддржувачи на школата се и винаријата Тиквеш и компанијата Вивакс со палетата на соковите Вива.„Целта на институтот е на непосреден, стимулативен начин преку предавања на светски експерти во областа на лидерството, дипломатијата, полити

Пронајдете не на следниве мрежи: