Свештеник со забелешка до келнер: Му давам на Бог 10%, зошто ти да добиеш 18%?

Лице кое тврдело дека е свештеник се обидело да даде „мудра“ забелешка во врска со бакшишот за келнерот, објаснувајќи дека неговата работа за Бог го ослободува од „обврската“ да остави бакшиш.
На фотографија се гледа износот на сметката кој е 34.93 долари, кој автоматски вклучува 18 % бакшиш.
„Му давам на Бог 10%“, напишал свештеникот , прешкртувајќи го празното место за автоматскиот бакшиш, „Зошто ти да добиеш 18%?“. Лицето потоа напишало „Свештеник“ над својот потпис, како и изразена „0“ на местото каде што би требало да стои износот од автоматскиот бакшиш.
На фотографијата всушност се гледа дел од вкупната сметка од на 200 долари, за забава од 20-тина, што е причината зошто автоматскиот бакшиш е вкличен.
„На забави кои вклучуваат малку луѓе, помалку од 8 лица, истите може да остават бакшиш колку сакаат, но кога станува збор за поголеми забави, тогаш се вклучува автоматскиот бакшиш. Се е регулирано во компјутерот, не е нешто што јас одлучувам да го направам“, објаснил келнерот.
Тој додаде: „Немаше проблем со мојата услуга, напротив, беа задоволни и ми рекоа дека сум одлилен, само не сакаа да платат кога дојде време за тоа“.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Лице кое тврдело дека е свештеник се обидело да даде „мудра“ забелешка во врска со бакшишот за кел

Пронајдете не на следниве мрежи: