Светот ќе исчезне за точно 99 дена-одбројувањето започна!

Само една година откако се уверивме дека пророштвото на Маите за крајот на светот било неточно, сега се појавија нови предвидувања за крајот на светот, па така, Судниот ден ќе се случи точно за 99 дена од денес!Имено, синоќа во градот Јорк, звукот од антички инструмент го означил почетокот на одбројувањето до крајот на светот, односно до моментот на т.н. викиншка апокалипса. Според легендата, нордискиот бог Јеимдал дувал во рог, се со цел да ги предупреди луѓето за претстојната катастрофа, а според пророштвото, светот какво што ние денес го познаваме ќе исчезне на 22 февруари 2014 година. 
Викинзите верувале дека на крајот на светот ќе му претходат три силни зими помеѓу кои нема да има лето, а ширум светот ќе се водат сурови битки и ќе исчезне моралот на човекот. “Волкот Скол ќе го проголта сонцето, а неговиот брат Хати ќе ја проголта месечината, што ќе доведе до исчезнување на ѕвездите, а Земјата ќе ја обвие вечен мрак”, стои во предвидувањето, а експертите за нордиската митологија пресметале дека Викинзите верувале дека последниот ден од човештвото ќе биде 22 февруари следната година.

Во текот на последниот ден, Земјата ќе биде погодена од силни земјотреси, нивото на морето ќе се зголеми, а земјата ќе биде прекриена со отров. 
“Во текот на изминатите години сведочевме на предвидувањето на Маите за доаѓањето на апокалипсата, како и бројни други предвидувања на видовитите луѓе и визионерите, но звукот на рогот сепак е најдобриот показател дека предвидувањата на Викинзите ќе станат реалност на 22 февруари следната година”, изјавил Даниел Дардаган, директор на Викиншкиот фестивал во Јорк. Според неговите зборови, крајот на светот бил предвиден во истиот момент кога би започнал овој фестивал следната година. Одбројувањето е започнато, па до крајот на светот остануваат уште точно 99 дена!
Tocka.com.mkИмено, синоќа во градот Јорк, звукот од антички инструмент го означил почетокот на одбројувањето до крајот на светот, односно до моментот на

Пронајдете не на следниве мрежи: