Светот се движи кон катастрофа, предупредува претседателот на Светска банка

Светот се движи кон катастрофа, затоа што надежта на луѓето се соочува со иднината во која милиони работни места се автоматизирани, предупреди претседателот на Светската банка, Џим Џонг Ким.– Ако имате зголемени амбиции, но немате никакви можности за развој, тоа ќе доведе до нестабилност, конфликти и насилства. Тоа е курсот кон катастрофата, кон која се движиме, вели Ким.
Тој на годишната средба на Светска Банка во Вашингтон посочи дека  инвестициите во човечки капитал ќе бидат се поважни за економскиот раст во иднина, бидејќи роботите ќе заменат милиони нискоквалификувани работници.
– Единствено нешто, од што со сигурност ќе имаме потреба во иднина, се луѓе кои можат да учат. Сакаме да создадеме атмосфера на неодложност од инвестирање во луѓе. Тоа е неопходно, со оглед на начинот на кој се менува глобалната економија, оцени директорот на Светска банка.
Тој упати апел до политичарите да инвестираат во образование и здравство бидејќи само на тој начин се подобруваат перспективите за економски раст.
– Напредокот, исто така, е под закана на политичките движења кои пропагираат трговски бариери, изолација, воена агресија и други слични мерки. Политичката несигурност се почесто стои зад ризиците кои се идентификувани од аналитичарите на државните долгови, изјави Мариц Крамер, директор на Стандард и Пурс.
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард ги предупреди политичарите да го искористат поволниот момент, бидејќи во спротивно ќе настрада глобалната економија. Ако не го направат тоа, растот ќе биде премногу мал, а работни места – малку. Осигурителните системи нема да можат да се справат со се постарото население, а финансискиот систем нема да биде подготвен за идните шокови, истакна Лагард.
 – Ако имате зголемени амбиции, но немате никакви можности за развој, тоа ќе доведе до нестабилност, конфликти и насилства. Тоа е курсот

Пронајдете не на следниве мрежи: