Светска премиера во Чикаго – Rallycross Буба

VolkswagenAndretti Rallycross тимот го претставува моделот GRC Beetle со повеќе од 560 КС и погон на сите тркалаVolkswagen Буба ова лето ќе се натпреварува на мотоспорт трките во САД. На автомобилскиот саем во Чикаго, Volkswagen Америка го претстави моделот  Rallycross – Beetle со погон на сите тркала и TSI мотор кој има повеќе од 560 КС (412 kW)
Volkswagen во соработка со Andretti AutoSport го формираше тимот Volkswagen Andretti Rallycross. Два автомобили, Rallycross Буба, ќе бидат управувани од рели возачите  Tanner Foust и Scott Speed кои ќе се натпреваруваат на американските трки. Тимот на почетокот од оваа сезона ќе се натпреварува со модифициран  Polo Rally, автомобил со кој возачите и производителите го освоија светскиот рели шампионат во 2013 година. Потоа возачите во текот на сезоната  ќе се префрлат во новата Буба GRC која беше прикажана во Чикаго. Овој Rallycross автомобил е врвот на третата генерација на Буба со погон на сите тркала кој има повеќе од 560 коњски сили и TSI мотор со турбо директно вбризгување.
Rallycross трките, брзо станаа многу популарни во САД, тие привлекуваат голем број вљубеници во мотоспортот низ целата земја, а случувањата одлично се покриени од телевизиските станици со преноси во живо. Автомобилите се натпреваруваа  на нерамен терен со многу прашина и кал и скокаат повеќе од 20 метри.Volkswagen Буба ова лето ќе се натпреварува на мотоспорт трките во САД. На автомобилскиот саем во Чикаго, Volkswagen Америка го претстави м

Пронајдете не на следниве мрежи: